Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Гаранции

Гаранција за точност на податоците

Adriatic.hr исклучително внимание посветува на податоците кои ги презентира на својата интернет страница. За нашите гости да се сигурни дека ќе го добијат она што го очекуваат, развивме систем кој ни дава можност да ви гарантираме за веродостојноста на информациите за објектите за приватно сместување. Секој објект на страницата е прикажан со околу 40 фотографии и 150 информации кои ви помагаат при изборот на идеално сместување за вашето летување.Нашата теренска екипа го посетува секој објект, каде детално го фотографира ентериерот и го доловува макро и микроопкружувањето во кое се наоѓа (плажи и ривиера). Исто така при посетата на објектите се вршат детални мерења кои ви се презентирани on-line.

Сите податоци се ажурираат редовно.Доколку дојде до промена во објектот (преуредување и сл.), изнајмувачите се должни според договорот да ни ги достават најновите информации и фотографии. Новите информации ги прикажуваме on-line со што би ви било достапна моменталната состојба на објектите кои ги изнајмувате за одмор. Исто така нашата теренска екипа при посета на одредена ривиера со цел да ги фотографира и бележи новите објекти, ги посетува претходно презентираните и ги бележи сите промени.

Од сите наведени информации за начинот на работа на нашата дејност, можеме да ви гарантираме точност на податоците кои се презентирани на нашата интернет страница

Гаранција за сигурно купување

Осигурување од одговорност на организаторот на пакет аранжмани

Adriatic.hr е осигуран против штети кои би ги предизвикал на патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнување на обврските.

Članstvo u UHPA-i

Adriatic.hr е член на Здружението на хрватски патнички агенции (UHPA).

Гаранција на најповолно купување

Настојувајки да ја зацврсти позицијата на лидер во интернет продажбата на приватно сместување на хрватскиот Јадран, Adriatic.hr формира најповолни продажни цени за престојната сезона, и тоа на начин да стимулативните попусти се одобрени од страна на сите сопственици на приватно сместување.

Резултатот е тукушто покрената Акција 10% поповолно купување за кое Adriatic.hr гарантира цени минимално 10 % поповолни од конкурентските.

Доколку конкурентската компанија ви понуди сместување идентично со сместувањето од Adriatic.hr понудата, по пониска, иста или дури и до 10 % повисока цена, Adriatic.hr се обврзува за тоа сместување да ви одoбри дополнителни 10 % попуст. На тој начин сте во можност да го закупите одбраното сместување и по 20 % поевтина цена од конкурентската.

УСЛОВИ НА АКЦИЈАТА 10 % ПОПОВОЛНО КУПУВАЊЕ


1. ПРЕДМЕТ НА АКЦИЈАТА

Акцијата се однесува исклучиво на Adriatic.hr понудата за приватно сместување а која ја нудат и други туристички агенции по пониски, исти или повисоки цени. Adriatic.hr се обврзува за тоа сместување да одобри на клиентот дополнителни 10 % попуст од својата цена. Конкурентската туристичка агенција мора да биде регистрирана во UHPA.

2. РОК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКЦИЈАТА

Потребно е клиетот во рок од 24 часа по приемот на пресметката да ги задоволи условите на акцијата по што агенцијата ке ќе му издаде нова пресметка со вклучени 10 % попуст. Акцијата може да се оствари и по извршената уплата. Потребно е клиентот во рок од 24 часа по извршената уплата да ги задоволи условите на акцијата по што агенцијата ќе изврши враќање на преплатениот износ.

3. ДОКУМЕНТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АКЦИЈАТА

Понудата на конкурентските туристички агенции клиентот се обврзува да ја достави на Adriatic.hr преку е-маил или факс. На приложената понуда мора да биде јасно видлив денот и часот на нејзино издавање, т.е треба да ги содржи следниве елементи:
  • меморандум од агенцијата со видлив ID-код
  • име и презиме на клиентот со точен број на лица
  • термин на престој
  • прецизна ознака на сместувачката единица
Во склад со заштита на приватноста Adriatic.hr ќе изврши проверка на исправноста на доставената понуда.

4. ИСКЛУЧЕНА ОД АКЦИЈАТА

Акцијата не е можно да се оствари доколку цената на конкурентската агенција е резултат на промотивна кампања. На одобрена акција не може дополнително да се применат Adriatic.hr промотивни кампањи. Под промотивни кампањи подразбираме: last minute, first minute, наградување стари гости за верност, специјален попуст за големи групи и/или подолг престој...

5. НАПОМЕНИ

Adriatic.hr го задржува правото на откажување или модификација на оваа акција во било кој момент без претходна најава. Барања за остварени акции, запримени пред воведување на наведените промени, ќе бидат обработени во склад со овие услуови.

Во Сплит, 05. март 2007