E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Live Chat
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Пет
08:00h - 16:00h

Пловила

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПЛОВИЛА

1. УВОДНИ НАПОМЕНИ

Туристичката агенција „Adriatic.hr d.o.o.“, Poljička cesta 26, 21000 Split, OIB: 16364086764, ID: HR-AB-21-020038491 (во натамошниот текст: Adriatic.hr), гарантира за вистинитоста на податоците поврзани за чартер понудата oбјавена на интернет страната www.adriatic.hr, т.е за вистинитоста на условите под кои се нуди чартер флотата. Adriatic.hr внимателно ги одржува пловилата од својата понуда, т.е гарантира за нивната техничка исправност и добра состојба.

Лицето кое ја уплатило аконтацијата, односно ја потврдило резервацијата за едно или повеке пловила од понудата на Adriatic.hr (во понатамошниот текст: гостинот), заснова правен однос со Adriatic.hr, т.е со тоа потврдува дека е согласно со општите услови за наем на чартер пловила кој во оваа прилика му се нудат на увид. Се што е објавено во овие услови претставува правна основа и за гостите и за Adriatic.hr. Овие услови се темел за решавање на евентуално настанати спорови помеѓу гостите и Adriatic.hr, т.е со тоа ве молиме задолжително да ги прочитате детално.

2. ПРИЈАВИ

Пријавите за резервација на пловила се примаат преку е-маил со пополнување на за тоа предвидениот формулар достапен на интернет страниците на Adriatic.hr, или во уредите на нашата агенција, т.е во уредите на субагентите на Adriatic.hr кои се овластени за продажба на услугите од понудата на Adriatic.hr. Гостинот при пријавата е должен да ги наведе сите податоци кои се барани во формуларот за резервација, односно при пријава во нашите уредите или уредите на субагентите на Adriatic.hr да ги даде на увид сите документи потребни за обавување на пропишаната процедура.

Доколку тоа не го направил при резервација на пловилата, гостинот се обврзува најдоцна месец дена пред почетокот на закупот да достави листа на патници (crew-list) на Adriatic.hr , со полни имиња, адреса, датум на раѓање, т.е вид и број на важечки идентификациони исправи. Во случај гостинот да резервира пловило без бродар, потребно е да приложи и дозвола за управување со пловило.

3. ЦЕНА НА НАЕМОТ

Цените на пловилата се објавени во евра. Adriatic.hr го задржува правото на промена на објавените цени во случај сопственикот на пловилото да ги промени цените.

Сите наведени цени се однесуваат на седумдневен наем, од сабота до сабота.

Зависно од моделот, година на производство и сезона на наем, Цените објавени на интернет страниците на Adriatic.hr варираат од пловило до пловило, т.е посебно се истакнати за секое пловило.

Наведените цени вклучуваат: технички исправно, чисто и суво пловило со полн резервоар гориво и вода (такви треба да бидат и при враќањето на пловилото), употребата на пловилата и опремата, задолжително осигурување на пловилата, осигурување на пловилата над вредноста на договорениот депозит, хрватска дозвола за пловење, чартер лиценца за пловило, т.е се што е објавено на на интернет страницата при презентирање на закупеното пловило.

Наведените цени на пловилата не ги покриваат трошоците на марината и везовите во матичната марина за време на наемот, пристанишни такси, престојни и други такси, дополнителна опрема за пловилото, трошоци за гориво и останати потребни средства, надомест за екипажот на Adriatic.hr и останатите посебни услуги, здравствено осигурување и осигурување од незгода за екипажот, т.е се што не е објавено на интернет страниците при презентацијата на закупените пловила.

Во случај на промена на цената на одредено пловило по извршена пријава, а пред уплатена аконтација, Adriatic.hr се обврзува да веднаш по приемот на таква информација ке го обавести гостинот за тоа, т.е со негова согласност ке му прати нова пресметка.

Во случај на промена на цената по извршена уплата на аконтација, Adriatic.hr му гарантира на гостинот дека преостанатиот дел од уплатата ке биде уплатена по пресметка на основа на која гостинот одлучил да резервира одредено пловило.

4. ДИНАМИКА НА ПЛАЌАЊЕ

За да би потврдил пријавена резервација на пловило, гостинот уплаќа аконтација во противредност од 50% од износот на целокупниот наем. Преостанатиот износ до вкупната вредност на наемот се уплатува најдоцна месец дена пред почетокот на наемот.

Резервираното пловило гостинот може да го превземе на користење само под услов да уредно ги регулирал сите потребни плаќања.

Со уплата на аконтација гостинот потврдува дека е во потполност запознаен со сите карактеристики и услови под кои му се нуди одреденото пловило. Со самиот чин на уплата на аконтација се што е наведено во овие услови постанува правна обврска и за гостинот и за Adriatic.hr.

5. ПРАВО НА ГОСТИНОТ НА ПРОМЕНА И ОТКАЗ

доколку гостинот сака да го откаже резервираното пловило, тоа мора да го направи во писмена форма (е-маил, телефакс или пошта).

Денот кога Adriatic.hr го примил пишаното обавестување за отказ е основа за пресметка на отказните трошоци, и тоа на следниот начин:

  • За отказ до два месеца пред почетокот на наемот, Adriatic.hr наплатува 30% од вкупната цена на наемот. Остатокот од парите му се враќа на гостинот на трошок на примателот.
  • За отказ до месец дена пред почетокот на наемот, Adriatic.hr наплатува 50% од вкупната цена на наемот, односно го задржува целокупниот уплатен износ.
  • За отказ во текот на еден месец пред почетокот на немот, Adriatic.hr наплатува 100% од вкупната цена на наемот.
  • За отказ по превземањето на пловилото, Adriatic.hr задржува 100% од вкупната цена на наемот и го терети гостинот за сите трошоци кои можат да настанат поради отказот.

Враќањето на парите ке се изврши веднаш по утврдувањето на точниот износ кој треба да му се врати на гостинот. Исплатата може да се обави само со уплата на жиро или девизна сметка на гостинот. Кај девизните дознаки, трошоците на праќање пари во странство ги сноси гостинот.

Доколку гостинот кој го откаже изнајменото пловило при отказ на резервацијата пронајде нов корисник за истата резервација кој е спремен да ги превземе неговите права и обврски, Adriatic.hr ги пресметува само трошоците причинети од замената.

Доколку резервацијата се откаже поради виша сила, односно поради објективни причини на странскиот гостин (смрт и смрт во семејството, здравствени проблеми, тешка несреќа...), веќе уплатениот износ нема да му биде вратен.

6. ДЕПОЗИТ (КАУЦИЈА)

При превземањето на пловилата, гостинот остава кај представникот на Adriatic.hr обврзен депозит како гаранција дека ке ги надомести сите можни губитоци или штети настанати во текот на наемот, па дури и доколку не се покриени со полиса за осигурување. Депозитот се остава во готовина или бланко слип со ознака на кредитната картица на гостинот. Модалитетите и износите на депозитот се објавени на интернет страниците при резервација на закупеното пловило.

Депозитот се враќа на гостинот во целост откако претставник на Adriatic.hr ке утврди дека пловилото е вратено во договореното време, на договореното место, уредно и неоштетено, со полни резервоари на вода и гориво, т.е под услов да не постојат, ниту се најавени барања од трети лица во однос на гостинот, а кои се поврзани со користење на закупеното пловило од гостинот.

Во случај на грубо невнимание, односно оштетување на пловилата и/или опремата, т.е во случај на губење на еден или повеќе делови, гостинот ги сноси сите трошоци. Adriatic.hr ке го задржи износот на депозитот кој одговара на вредноста на поправката, набавката и/или купувањето на опрема или поедини делови за пловилото. Доколку поради оштетување/губење на пловилото/опремата не е можно понатамошно изнајмување на пловилото, Adriatic.hr ке го задржи износот од депозитот кој одговара на изгубената добивка.

Плаќањето на депозит е задолжително и во случај кога пловилото се изнајмува со бродар кој го ангажира Аdriatic.hr. Во тој случај, оставениот депозит не може да се користи за покривање на трошоци настанати по вина на бродарот поради невнимавање и лошо управување со пловилото и опремата.

7. ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ПЛОВИЛОТО

Пловилата се предаваат во договорено време, од 17.00 до 20.00 часот, на договореното место.

Доколку гостинот, без претходна најава, не го превземал пловилото ни по истек на 12 часа од договореното време на превземање, Adriatic.hr е овластен еднострано да го раскине договорот за наем на пловило, а гостинот нема право дополнително да бара оштета.

Доколку Adriatic.hr од било која причина не е во можност во договореното време, на договореното место да му го предаде на гостинот резервираното пловило, на Adriatic.hr му се дава рок од 24 часа по договореното време на превземање на пловилото да му стави на гостинот на располагање друго пловило со исти или подобри карактристики. Доколку Adriatic.hr не успее во тоа, гостинот може да го раскине договорот, т.е има право на враќање на сите уплатени средства. Доколку гостинот одлучи да чека заменско пловило и надвор од рокот од 24 часа по договореното време на превземање на пловилото, може да побара износ еквивалентен на вредноста на наемот за оној број на денови колку не можел да располага со пловилото. Одговорноста на Adriatic.hr за износ поголем од договорената цена на наемот, како и било кое друго право на гостинот за оштета, се исклучува.

При превземање на пловилото, гостинот се обврзува на представникот на Adriatic.hr да му предаде ваучер, на кој треба да биде назначено дека уредно го подмирил целокупниот износ за наемот.

Adriatic.hr се обврзува на гостинот да му предаде технички исправно и комплетно опремено пловило со полн резервоар вода и гориво, чисто, уредно и суво, спремно за пловидба.

При превземање на пловилото, гостинот се обврзува да исплати и внимателно да ја провери општата состојба на пловилото и опремата, т.е да утврди дали стварната состојба на инвентарот и опремата е во склад со постоечката листа на инвентар. евентуални приговори се поднесуваат само пред почетокот на патувањето. Евентуално прикривање на недостатоци на пловилото и/или опремата, кои Adriatic.hr при предавањето на пловилото не можеле да ги забележат, како и недостатоци и дефекти кои настануваат по предавањето на пловилото, а кои Adriatic.hr не можел да ги предвиди, не му даваат на гостинот право да бара намалување на цената на наемот.

8. ВРАЌАЊЕ НА ПЛОВИЛОТО

Гостинот се обврзува да го врати пловилото во договореното време (најдоцна до 9.00 часот наутро) во договореното дефинирано одредиште, уредно и чисто, со полн резервоар на вода и гориво, спремно за понатамошна пловидба, односно во иста состојба во каква и го превземал.

Доколку во текот на патувањето, натамошна пловидба од која било причина не е можна и/или пречекорувањето на договорениот термин на враќање е неизбежно, поради добивање на натамошни упатства мора да се обавести водителот на базата во Adriatic.hr. Информацијата за пратено обавестување мора да биде запишана во бродскиот дневник. Неповолни атмосферски прилики не можат да бидат оправдување за пречекорување на договорениот термин за враќање на пловилото. Задоцнувањето е оправдано само во случај на виша сила.

Во случај на пречекорување на договорениот термин за враќање, гостинот гарантира дека за секое закаснување до три (3) часа ке плати износ на дневен наем, а за секое закаснување преку три (3) часа и за секој следен започнат календарски ден на доцнење ке плати трострука дневна наемнина зголемена за дополнителните трошоци кои биле предизвикани на Adriatic.hr поради доцнење во предавањето на пловилото. Со тоа се препорачува враќање во одредишната точка во вечерните часови ден пред предавање на пловилото.

Во случај на враќање на пловилото во пристаниште кое не е договорено како одредишна точка, гостинот на Adriatic.hr му ги плаќа сите трошоци вклучени во трансферот на пловилото до договорената одредишна точка, пропишаната казна за задоцнување доколку до него дошло, како и надомест за сите оштетувања кои не се покриени со полиса за осигурување, а кои се случиле во текот на трансферот.

При предавање на пловилото, представниците на Adriatic.hr ја проверуваат општата состојба на пловилото и опремата, т.е го споредуваат затекнатиот инвентар и опрема со листата на инвентар. Гостинот се обврзува да ги пријави на представникот на Adriatic.hr сите евентуални недостатоци и оштетувања. Доколку оштетувањата настанале на подводниот дел од пловилото, или постои сомнеж во тоа, потребно е детално да се прегледа пловилото со ангажирање на дигалки или багери.  За начинот на кој ке се обави прегледот одлучува Adriatic.hr, а трошоците за постапката ги сноси гостинот.

Доколку гостинот проба да ја прикрие штетата или губитокот кој се случил во време на наемот на пловилото, должен е да плати казна на Аdriatic.hr во износ од 300 евра, т.е да ја надомести причинетата штета.

Трошоците за изгубени или оштетени делови на пловилото или опремата поради невнимание или неправилно ракување на гостинот и членовите на неговата посада, одговорноста е на гостинот. Adriatic.hr тој износ ке го надомести од депозитот на гостинот.

Доколку пловилото е вратено неуредно и нечисто, Adriatic.hr од депозитот ке ја наплати цената за посебно чистење. Adriatic.hr исто така ке изврши наплата за дополнување на гориво, како и наплата за услугите за дополнување на гориво, ако гостинот не го врати пловилото со полн резервоар.

За целото време на наем пловилото останува во сопственост на Adriatic.hr или на сопственикот со кој Adriatic.hr има потпишан договор за соработка. Се до моментот на уредно предавање пловилото се смета дека е во наем на гостинот.

9. ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА НАЕМ

Во случај да гостинот, од било која причина, сака да го продолжи периодот на наем, мора да се врати во појдовното пристаниште, да контактира со представникот на Adriatic.hr и да побара писмена согласност за ново време na истовар во одредишното пристаниште.

10. БРОДСКИ ДОКУМЕНТИ

Пловилото е предадено на користење на гостинот со сите валидни документи потребни за изнајмување (дозвола, пријава, концесија...), како и останатите прилози од бродските податоци (попис на пристанишен капетан, капетанија, бензиски пумпи...). Гостинот се обврзува со посебно внимание да ги чува сите примени документи.

При враќање на пловилото гостинот е должен да ги врати и сите примени документи и прилози.

Гостинот е обврзан да води бродски дневник.

11. ОБВРСКИ НА АГЕНЦИЈАТА

Adriatic.hr се обврзува дека ке се грижи за спроведувањето на закупените услуги со внимание на добар стопанственик, т.е се обврзува дека ке се грижи за правилата и интересите на гостите соодветно со добрите обичаи во туризмот.

Adriatic.hr се обврзува да осигура дека на гостинот ке му бидат овозможени сите закупени услуги во резервираниот термин, со тоа му одговара на гостинот за евентуални неизвршувања на закупените услуги или дел од услугите.

Adriatic.hr ја исклучува секоја одговорност во случај на промена и неизвршување на закупените услуги или на дел од услугите предизвикано од виша сила (војна, немири, штрајкови, терористички акции, еколошки катастрофи, ненајавени елементарни непогоди, интервенција на надлежните власти и сл.).

12. ОБВРСКИ НА ГОСТИНОТ

Гостинот се обврзува и изјавува:

  • дека ке поседува валидни патни документи. Трошоците, губиток или кражба на документите во текот на патувањето ги сноси гостинот.
  • дека ке набави и проучи примероци од упати за правилно користење на пловилото.
  • дека совесно и внимателно ке ракува со пловилото, инвентарот и опремата, а посебно дека нема да управува со пловилото под дејство на алкохол или наркотици, т.е дека во секој поглед ке се однесува одговорно, на задоволство на својата посада.
  • дека ке плови во границите на територијалните води на Република Хрватска. Напуштањето на територијалното море на Република Хрватска е можно само со претходна писмена согласност од Adriatic.hr-a.
  • дека нема да плови во зони забранети за пловидба.
  • дека нема да плови и планира рута (итинерар) без претходно проучување на навигациските карти, потенцијални рути, водачи за пловидба и останати прирачници на бродот, а посебно дека нема да плови во подрачја кои не се доволно истражени и недоволно покриени со пловидните карти.
  • дека при превземањето на пловилото ке го извести Adriatic.hr за приближната насока на пловидба (итинерар), и дека во разумни временски интервали, преку мобилен телефон или достапни радио станици, ке го обавести Adriatic.hr за положбата и состојбата на пловилата и неговата посада, т.е дека ке го обавести Adriatic.hr за евентуални дефекти или штети.
  • дека внимателно ке ја испланира рутата и ке се држи до неа, така да местото на вртење во насока на пристаништето на поаѓање (враќање према пристаништето на поаѓањето) ке биде најмногу 2 дена пловидба од појдовното пристаниште, што од прилика изнесува 40 NM.
  • дека нема да плови навечер без употреба на сите навигациски светла, т.е дека ке плови адекватно со надгледната палуба и со должно внимание насочено на потенцијални препреки.
  • дека ке плови единствено по сигурни временски услови и при добра видливост, т.е дека ке избегнуваат очигледно опасни подрачја.
  • дека зависно од временските услови, правовремено ке ги скрати или спушти едрата, т.е дека поради осигурување на удобно едрење, нема да допушти непотребно оптеретување на јарболот, едрата и јажињата.
  • дека нема да го напушта пристаништето или сидриштето ако јачината на ветерот е поголема од 23 чвора, или се очекува да наскоро би била таа јачина, т.е кога општите временски услови се нестабилни.
  • дека нема да го напушта пристаништето или сидриштето ако пловилото или некој важен дел од опремата, како што е моторот, јарболот, едрата, јажињата, пумпа за наталожена кал, опрема за сидрење, компас, навигациски светла и сигурносна опрема, не е исправна.
  • дека нема да го напушти пристаништето доколку пристанишните власти ја забраниле пловидбата, односно издале забрана за отпловување, во случај на недоволни залихи на гориво, т.е во случај на болест на некој од членовите на посадата
  • дека нема да го користи пловилото во комерцијални цели (превоз на стока и лица за надомест), за професионален риболов, школа за едрење и слични активности.
  • дека пловилото нема да го дава во поднаем, ниту да го отстапува на користење на трети лица.
  • дека нема да натовари преголем број на лица од предвидениот за тоа пловило, т.е дека на пловилото нема да престојуваат лица кои не се наведени на пописот на посадата.
  • дека нема да учествува на трки или натпревари со пловила без согласност на Adriatic.hr.
  • дека нема да влече друго возило, освен во итни случаеви.
  • дека ке ги превземе сите превентивни мерки како би се избегнала ситуација во која закупеното пловило би требало да се влече. Доколку до такви ситуации сепак дојде, цената на влечење треба да ја договори со капетанот на другото пловило пред закупеното пловило да биде опрегнато, т.е да побара одобрение од Adriatic.hr за тоа.
  • дека ке ги почитува царинските и другите правила и процедури на Република Хрватска, т.е дека нема да внесува на пловилото било какви недекларирани предмети.
  • дека ке се грижи да самиот тој, но и сите членови на посадата се однесуваат во склад со важечките закони, одредби и прописи на Р.Х, посебно дека ке се почитуваат законите за риболов, закони за подводен риболов, т.е дека на пловилото нема да се задржат никакви археолошки вредни предмети.
  • да се сложат дека договор за наем на пловила се раскинува доколку би се утврдило дека некој од членовите на посадата прекршил некој важечки пропис и/или закон на Р.Х, т.е дека Adriatic.hr може слободно да располага со пловилото, без никакво право на гостинот за надокнада. Понатаму, посебно се утврдува дека во тој случај Adriatic.hr ке биде ослободен од секаква одговорност кај надлежните државни тела затоа што секоја одговорност за причинети прекршоци и/или казнени дела пред надлежните тела ке ја сноси гостинот.
  • дека ке ја превземе целата одговорност и на Adriatic.hr ке му ги надомести сите трошоци за кои би се докажало дека се предизвикани од делувањето и пропустите на гостите, а за кои Adriatic.hr материјално и казнено одговара пред трета страна.
  • дека одговорноста на гостинот за сите направени прекршоци на правилата на пловидба и останатите правила за време на наемот на пловилото не престануваат по истекот на наемот.
  • дека во случај на хаварија на пловилото, несреќа или во случај на судари ке го забележи текот на случувања, веднаш ке го обавести Adriatic.hr, ке поднесе пријава за поморска несреќа во најблиската пристанишна команда, т.е ке бара потврда од пристанишниот капетан, лекарот или за тоа надлежното тело.
  • дека во случај на дефект на бродот или бродската опрема настанато поради природно трошење на пловилото/опремата, веднаш ке го обавести Adriatic.hr. Adriatic.hr се обврзува да го отстрани дефектот во рок од 24 часа по приемот на обавестувањето. Ako Adriatic.hr го отстрани дефектот во рок од 24 часа, гостинот нема право на било каква надокнада. Телефонските броеви на кои може да се достави обавестување за дефектот се наоѓаат во документацијата на бродот.
  • дека секоја штета настаната како резултат на несовесно работење и пропуст на гостинот, која не е покриена со осигурување, а за која Adriatic.hr одговара на трети лица, гостинот во потполност ке ја надокнади на Adriatic.hr.
  • дека во случај на губење на пловилото и опремата, неможност на управување со пловилото, т.е во случај на одземање на пловилото, гонење или мерка на забрана од државни тела или трети лица, веднаш ке ги обавести надлежните власти и Adriatic.hr, т.е ке задржи копија од полицискиот извештај .
  • дека ке ја превземе целата и исклучива одговорност во случај да службено државно тело го заплени пловилото поради несоодветни или нелегални работи (комерцијален риболов, вадење антиквитети од морското дно...) направени при користење на пловилото во времетраењето на наемот.
  • дека самостојно одговара во случај на загадување на морето при полнење на резервоарот за гориво или фрлање на губре и отпад надвор од пропишаните места.
  • дека секојдневно ке ја проверува количината на улје во моторот. За штетите и губитоците настанати поради недостаток на улје во моторот одговорноста е на гостинот.
  • дека коректно ке води бродски дневник и ке го остави во пловилото по истекот на наемот.
  • дека домашните миленици (кучиња, мачки, птици ...) ке ги внесе на пловилото само со претходна согласност од Adriatic.hr. Носење на домашни миленици на пловилата не е дозволено. Исклучоци се дозволени само со претходна согласност.

Материјалната и казненета одговорност за постапување спротивно од овде наведените обврски ги сноси исклучиво гостинот.

13. ДОЗВОЛА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПЛОВИЛО

Гостинот мора да го има потребното поморско знаење и вештини, односно валидна дозвола за управување со пловила на отворено море, како и потврда за положен испит за ракување со радио станица. Доколку гостинот не ги поседува бараните исправи, знаење и вештини, се обврзува дека ке води грижа да со пловилото управува исклучително член на посадата кој ги има.

Adriatic.hr може да бара од гостинот или од лицето кое гостинот го одредил за бродар, во присуство на представник на Adriatic.hr преку пловидба на море да го демонстрира своето знаење и вештини. Трошокот на тестирање го сноси гостинот. Времето потрошено за тестирање е вклучено во времетраењето на наемот на пловилото.

Доколку во текот на тестирањето претставникот на Adriatic.hr утврди дека гостинот, односно бродарот кој го предложил гостинот, нема доволно знаење, искуство и/или валидни дозволи за пловидба, Adriatic.hr на посадата ке и назначи службен бродар со надоплата во склад со службениот ценовник. Доколку гостинот не го прифати доделениот бродар, Adriatic.hr има право да го забрани испловувањето на бродот, да го раскине договорот, т.е во целост да ја задржи уплатената наемнина. Гостинот нема право на надомест на штета.

Доколку гостинот веќе однапред знае дека ке му бидат потребни услуги од службен бродар на Adriatic.hr, должен е за тоа да го обавести персоналот на Adriatic.hr при пријавата за резервацијата.

14. ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурањето е одредено од условите кои ги одредил осигурителот кај кого сопственикот или Adriatic.hr го осигурал возилото.

Пловилото е осигурано од штети нанесени на трети лица, т.е од одговорност према трети лица до висина на вредноста на пловилото (задолжително осигурување). Пловилото исто така е каско осигурано на пријавената вредност на пловила за ризици според полисата за осигурување. Каско осигурувањето покрива штети, преку износот на депозитот, настанати поради виша, но не и штетите предизвикани намерно или поради грубо невнимание.

Гостинот, посадата на пловилото и нивните лични работи, не се осигурани. Со тоа препорачуваме гостинот тоа лично да го направи.

Сите оштетувања, и/или губитоци мораат да бидат пријавени на Adriatic.hr веднаш по настанокот. Во случај на поголеми хаварии, како и кога во нив учествуваат повеќе пловила, потребно е хаваријата да се пријави во надлежната пристанишна команда, т.е да побараат од неа соодветни документи кои дополнително ке бидат предадени на осигурителот. Штетите покриени со полиса за осигурување, кои не биле веднаш пријавени на Adriatic.hr, надлежните тела, односно осигурителот, за штетитеte за кои не постојат сите потребни документи, нема да бидат признати во склад со условите на осигурувањето, а за нив во полн износ одговара гостинот со својот личен имот.

Доколку пловилото е оштетено, гостинот е должен да ги сноси трошоците во склад со постоечките услови на каско осигурувањето, само до висината на депозитот. Трошоците на сите оштетувања на пловилото и/или опремата предизвикани со грубо невнимание и/или губиток на еден или повеќе делови на опремата, ги сноси гостинот во полн износ.

Едрата не се осигурани, т.е трошоците предизвикани со оштетување на едрата ги сноси гостинот. Одговорноста на гостинот е исклучена единствено во случај на природно трошење на едрата или во случај на оштетувања предизвикани со кршење на јарболите.

Оштетувањата на моторот предизвикани од недостаток на улје во моторот не се покриени со осигурувањето, и за сите трошоци предизвикани од оштетувањето на моторот гостинот лично одговара.

Гостинот ја превзема целата материјална одговорност за штетите предизвикани со сидрење и доведување на пловилото во докот на пристаништето или пристаништа кои се сметаат за несигурни.

15. ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРОШОЦИ НАСТАНАТИ ВО ТЕКОТ НА НАЕМОТ НА ПЛОВИЛОТО

Сите штети или недостатоци кои се настанати или се појавиле додека пловилото било под одговорност на гостинот, а кои не се поврзани со природно трошење на пловилото, ги подмирува лично гостинот. Пред поправката гостинот треба да постигне согласност со претставник на Adriatic.hr за техничката оправданост на потребната поправка.

Сите штети или недостатоци кои настанале или се појавиле додека пловилото било под одговорност на гостинот, а кои се поврзани со природното трошење на пловилото, ги покрива Adriatic.hr. Пред поправката гостинот треба да постигне согласност со претставник на Adriatic.hr-a за финансиската и техничката оправданост на потребната поправка. Гостинот ја подмирува сметката веднаш, т.е се обврзува да ја сочува како би му била во целост рефундирана при предавањето на пловилото.

16. СУДИРИ И ОШТЕТУВАЊА

Гостинот се обврзува да го извести Adriatic.hr за сите судири и оштетувања веднаш по нивното настанување и без оглед на причината. Adriatic.hr ке го упати гостинот во начинот на извршување на потребните поправки и/или замена на опрема. Неовластени поправки и замена на делови на опремата ке бидат обавени на трошок на гостинот.

17. ГУБИТОК НА ИМОВИНАТА

Adriatic.hr не е одговорен за губиток и/или оштетување на имовината на гостинот и останатите членови на посадата, т.е туѓа имовина, одложена и чувана на пловилото, во оперативно возило, во канцеларијата на Adriatic.hr или кај сопственикот на пловилото. Со уплата на потребна аконтација и прифаќање на општите услови за наем на пловило, гостинот се одрекува од сите барања за надомест на штета во однос на Adriatic.hr или сопственикот, а поврзани со губитоците и/или оштетувањата на личната и/или туѓа имовина.

18. ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ПЛОВИЛА

Доколку фотографиите од пловилото објавени на нашите интернет страници имаат заштитен знак на Adriatic.hr, значи дека тоа се фотографии заправо од она пловило во кое гостинот ке престојува.

Посебно истакнуваме дека фотографиите од пловилата објавени на нашите интернет страници кои немаат заштитен знак на Adriatic.hr, не се фотографии од пловилото во кое гостинот всушност ке престојува, туку тоа се репрезентативни фотографии на производителот на пловилото, а се однесуваат на модел кој гостинот го закупува. Фотографиите од пловила објавени се само во ориентациски цели, како помош за нашите корисници. При увидот и состојбата на пловилата гостинот може да затече одредени отстапувања од предочените фотографии (поврзани со степенот на опременост и/или годината на производство), но било какви отстапувања на стварната состојба од фотографиите презентирани на интернет не можат да бидат причина гостинот да бара заменско пловило, или барање на било кој облик на надомест на штета, доколку стварниот модел на понудено пловило одговара на закупениот модел на пловило.

Препорачуваме при резервација на пловило гостинот да се информира за сите детали кои му се посебно битни.

При презентација на пловилата од нашата понуда, а зависно од бројот на кабини, изложуваме и нацрти на сите варијанти на презентираните модели на пловила. Adriatic.hr се обврзува стварниот број на кабини на пловила видливо да го истакне. Гостинот треба да обрне внимание на стварниот број на кабини на пловилото кое го закупува, затоа што се исклучува можноста за подоцнежни приговори на гостинот дека му е доделено пловило со помал број на кабини отколку што е покажано на нацртот на пловилото на интернет страните.

19. ТУЖБИ

Секој гостин има право на тужба доколку смета дека закупените услуги се непотполно и/или неквалитетно извршени. Гостинот може да бара размерна оштета само доколку при враќањето на пловилото (check-out) поднесе писмена тужба т.е ја приложи сета соодветна документација и фотографии. Пишаната тужба треба да биде обострано потпишана: од гостинот и од представник на Adriatic.hr. дополнително предадени т.е непотполно документирани тужби Adriatic.hr нема да ги земе во предвид за разгледување.

Adriatic.hr е должен да донесе писмено решение на примена тужба во рок од седум (7) дена по нејзиниот прием. Adriatic.hr може да го одложи рокот на решение за тужбата, поради прибирање на информации и проверка на наодите на тужбата лично кај лицето или непосредно вмешаните во тужбата, за најмногу седум (7) дополнителни дена.

Гостинот се одрекува од посредување на било кои други лица, арбитражи на UHPA, судски установи или давање на информации во јавни гласила се додека Adriatic.hr не донесе решение по основ на тужбата. Доколку гостинот постапи спротивно на оваа одредба, поради повреда на процедурата, а без оглед на темелитоста на наводот на гостинот, гостинот губи право на надомест на штета, а Adriatic.hr има право да бара надомест на штета која таквата постапка од гостинот би му ја нанела.

Најголемиот надомест по тужба може да го достигне износот на рекламираниот дел на услугата, а не може да опфати веќе искористени услуги, како ни целокупниот износ на наемот. Гостинот однапред се одрекува од барање на било какви поврзани материјални или нематеријални штети (пр. банкарски трошоци за праќање пари, телефонски трошоци, дополнителни трошоци за гориво, губиток на време, прекумерен стрес, душевен бол…).

20. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Доколку гостинот не е задоволен со решението на агенцијата, т.е не е во можност со агенцијата да пронајде мирно и разумно решение, има право на судска арбитража.

Во таков случај се договара надлежен суд во Сплит со примена на правните прописи на Република Хрватска.


Во Сплит,

Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори