Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Често поставувани прашања

СМЕСТУВАЊЕ

Како да резервирате сместување?  

1. Сместувачка единица која најмногу ќе ги задоволува вашите желби и потреби можете да одберете на 2 начина:
* самостално, служејќи се со некои од веќе понуденитеможности на пребарување на нашите страници или
* со обраќање на нашата служба за продажба, која по уводното запознавање ќе ви препорача одреден број на објекти кои најмногу ги задоволуваат Вашите критериуми.

2. Додека ги пребарувате нашите страници, на секој објект кој ќе го привлече Вашето внимание, можете да кликнете на "вметни објект". Со клик на споменатото место одбраниот објект се снима во виртуелната база на податоци (favorites) која Вие ја формирате, а која ги содржи само оние објекти кои најмногу ги задоволуваат Вашите критериуми.
Вашиот избор останува сочуван, а пристапот до наведената база на податоци е можен во било кое време, но исклучиво на компјутерот на кој е извршено пребарувањето, доколку нашата база сте ја пребарувале како анонимен корисник. Доколку при влезот на нашата страна сте се логирале, т.е нашата база на податоци сте ја пребарувале како познат корисник, пристапот до Вашиот избор ви е овозможен во секое време и на било кој компјутер, на кој претходно се логирате под Вашето корисничко име.

3. Откако сте формирале свој сопствен избор, направете комплетен и детален преглед на одбраните објекти со клик на линкот "преглед на мојот избор". Систематски и споредбен приказ на одбраните сместувачки единици ќе ви биде од голема помош полесно да пронајдете објект кој најмногу ги удоволува Вашите критериуми.

4. По конечниот избор, потребно е да извршите пријава на Вашиот интерес за одреден објект преку пополнување на формулар за резервација. За да се овозможи понатамошна обработка на Вашето барање, битно е да во означените полиња ги внесете сите информации кои се бараат од Вас.

5. Веднаш по праќањето на пополнетиот формулар за резервација, на екранот ќе ви се покаже автоматски генерирана калкулација со сите ставки и припадни трошоци, т.е износот кој треба да го уплатите за резервација на пријавените сместувачки единици. При прегледот на калкулацијата ќе ви се понудат две можности; отказ на пријавата или потврда на резервацијата.

6. Доколку се одлучите за потврда на резервацијата пополнетиот формулар ќе пристигне во нашата продажна служба. Веднаш по приемот на формуларот за резервација нашиот персонал ќе го контактира сопственикот на пријавената сместувачка единица за да пред праќањето на конечна пресметка, би провериле дали состојбата на интернет одговара на стварноста, односно дали пријавената резервација е воопшто можна.
Веднаш по одобрено барање за резервација на Вашата е-маил адреса или факс уред ви праќаме конечна пресметка. Во самата пресметка сите трошоци ќе бидат сосема јасно изразени, како и износот кој треба да го уплатите за потврда на резервацијата. Самото плаќање ќе биде извршено складно со начин и динамика уплатите објавени на нашите страници.

7. За конечна потврда на пратената пријава потребно е да извршите уплата за резервација и тоа во рок од 24 часа по приемот на конечната пресметка. Пречекорување на наведениот рок од страна на гостинот може да резултира со overbooking, за кој агенцијата не сноси одговорност, но се обврзува на гостинот да му понуди заменско сместување од истиот квалитет.

8. Веднаш по извршената уплата потребно е потврдата од уплатата да ја проследите преку маил (payments@adriatic.hr) или факс (+ 385 21 456-789) на агенцијата (освен ако сте платиле со кредитна картица - во тој случај агенцијата автоматски добива потврда за извршена уплата).
По проверката на извршената уплата, односно авторизација на Вашата кредитна картица, преку е-маил ќе ви ги пратиме сите потребни информации за сопственикот и адреса на резервираниот објект. Писмена потврда за извршена резервација (voucher) ќе ви пратиме на Вашата е-маил адреса.
Примениот ваучер воедно е и Ваш писмен доказ дека за престојното лето сте си осигурале сместување на Јадранот.

Како да најдете соодветено сместување?  

За да ви помогнеме брзо да се снајдете во нашата понуда, т.е лесно да одберете објект кој најмногу ќе ги удоволи Вашите желби, ви нудиме повеќе можности за пребарување на нашите бази со податоци.

1. Едноставно пребарување - Преку одредување на основните параметри (термин на годишен одмор, број на лица, вид на сместување и локација на објектот) програмот автоматски ќе ги генерира сите посакувани услови и ќе ги прикаже само оние објекти кои ги удоволуваат зададените критериуми.

2. Детално пребарување - Доколку ви се битни и некои други критериуми освен понудените во ендноставното пребарување, послужете се со нашиот детален пребарувач. Детално пребарување е можно да се обави во неколку категории:
* општи податоци (термин на годишен одмор, број на лица, вид на сместување и локација на објектот)
* детална локација на објектот (остров-копно, одалеченост на објектот од плажата, места со песочна плажа, осамени места)
* врста на објект (луксузни вили, пансиони, објекти со базен и сл.)
* позиција на сместувачките единици (приземје, 1.кат, 2.кат, ...)
* дополнителна понуда (прехрана, носење домашни миленици, климатизација, интернет пристап...)

3. Пребарување по шифра - доколку сакате детално да го погледнете точно одредениот објект, потребно е во полето предвидено за тоа да ја внесете шифрата на објектот. Овој вид на пребарување овозможува најбрз пристап до целниот објект, но потребно е однапред да ја знаете шифрата под која се води објектот.

4. Географско пребарување - На основа на интерактивни карти, односно со водач на регии , ривиери или места, прилично едноставно ќе упатите барање за приказ на објект кој се наоѓа во локацијата која ја преферирате.

5. Пребарување на кратки термини – Бидејки во текот на сезоната сопствениците на сместувачките единици не радо прифаќаат кратки термини ако не се вклопуваат во нивните резервации, на овој начин можете да најдете кратки слободни термини помеѓу постоечките резервации.

Доколку резултатот од пребарувањето не укажува на ниту еден објект кој ги удоволува сите поставени критериуми, со клик на опцијата "back" се враќате на претходниот чекор. Сите поставени услови ќе бидат сочувани. Ве советуваме да се откажете од условите за кои најмалку се грижите, т.е пробајте повторно.

Доколку деталното пребарување резултира со преголем број на објекти кои ги задоволуваат сите поставени барања, со клик на опцијата "back" се враќате на претходниот чекор и со постоечките зададете и дополнителни услови.

Како се врши исплатата на рати?  

Закуп на одбраната сместувачка единица се обавува во два дела. Првиот дел се плаќа однапред при резервација на објектот, а другиот дел се плаќа на денот на пристигнување на гостите во канцелариите на нашата агенција или во канцелариите на Adriatic.hr партнер-агенција која е најблиску до резервираниот објект, односно кај сопственикот на објектот на денот на пристигнување.

Во зависност од видот на договорот со изнајмувачите, во посебни случаи потребно е да уплатата на остатокот од износот да ја изврши најдоцна до 30 - 45 дена пред пристигнувањето на гостите на банкарска сметка на агенцијата.

Износот на аконтацијата е 50 % од цената на целокупниот аранжман, кој агенцијата ќе го пренасочи на жиро сметката на изнајмувачот веднаш по приемот на уплатата.

Во посебни случаи (пр. во случај на резервација со краток термин или во случај на резервација од гости на кои им е потребна виза за влез во Република Хрватска) потребно е за потврда на резервацијата да се уплати веднаш 100 % од цената на аранжманот.

Со износот на аконтацијата, т.е начинот на уплата на остатокот од износот, гостинот ќе биде запознаен при приемот на пресметката.

Доколку гостинот бара R-1 сметка, должен е тоа да го најави при барањето за резервација.

До кога треба да уплатите аконтација?  

Со цел потврда на резервација гостинот се обврзува во рок од 24 часа (саботи, недели и државни празници не се сметаат) по приемот на пресметката да изврши уплата на резервацијата, т.е потврдата од уплатата да ја проследи на агенцијата.

Точниот рок до кој агенцијата се обврзува пријавените термини да ги држи под опција (првенство на закуп за нарачителите) е назначен на секоја предадена пресметка под рубриката "време на плаќање".

Од моментот кога гостинот ќе ја исполни и испрати пријавата за резервација, па до следните 24 часа, од пазарот се повлекуваат одбраните датуми и правото на првенствен закуп припаѓа на поносителот на пријавата. Резервација на предметниот објект од страна на друг гостин не е можна во наведениот термин. Наведените термини на интернет се означуваат со жолта боја.

Доколку до рокот на доспевање гостинот изврши уплата за резервација и ја потврди уплатата на агенцијата, веднаш по проверката на извршената уплата пријавените термини ќе бидат означени со црвена боја, т.е за престојната сезона некоја друга резервација во истата сместувачка единица која барем делумно би се поклопувала со потврдениот термин повеќе нема да биде можна.

Доколку во предвидениот рок агенцијата не добие потврда за извршена уплата ке се смета дека гостинот се откажал од пријавената резервација. На интернет приказот пријавенот термин по протекот на рокот на доспевање повеќе нема да биде означен со жолта боја, туку повторно ќе биде означен како достапен - бела боја.

На кој начин да извршите плаќање на територијата на Република Хрватска?  

# со уплата во готовина во канцелариите на нашата агенција или во било која друга туристичка агенција која има склопен договор за соработка со Adriatic.hr
Уплатата можете да ја извршите:

* во нашето седиште на адреса: Washingtonova 5, 21000 Split, Hrvatska
* во било која туристичка агенција овластена за продажба на аранжмани од Adriatic.hr програмата.


# со уплата на жиро сметката на агенцијата
За да извршите уредна уплата на жиро сметката на агенцијата потребни ви се следните податоици:

* уплатител: име и презиме на носителот на резервацијата со адреса на живеење
* примател: Туристичка агенција "Adriatic.hr", Washingtonova 5, 21000 Split
* датум: уплатата мора да биде извршена во рок од 24 часа по испоставата на пресметката
* износ: впишете го износот према примената пресметка, во кунска противредност пресметана по среден курс на стапка на HNB на денот на уплатата
* број на сметка: 2484008-1101047505

На кој начин се врши плаќањето од странство?  

# уплата преку банкарска дознака на девизната сметка на агенцијата

Девизна сметка на агенцијата:
* примател: Туристичка агенција "Adriatic.hr", Washingtonova 5, 21000 Split
* банка на примателот: Raiffeisen Bank, Split, Croatia
* IBAN: HR4624840081500160587
* Swift: RZBHHR2X

# on-line плаќање со кредитни картици (Maestro, Mastercard/Eurocard, Visa Classic, Visa Electron)
Доколку се одлучите за on-line уплата со кредитна картица со внесените податоци од Вашата кредитна картица ја овластувате агенцијата согласно со одредената динамика да ја наплати вредността на Вашиот аранжман

Како да испратите потврда за платената аконтација  

Потврда за извршена уплата можете да ни пратите по факс (++ 385 21 456-789) или можете да ја скенирате и пратите на нашата е-маил адреса (payments@adriatic.hr).

Веднаш по проверката на примената потврда резервираните термини се означуваат со црвена боја, т.е за претстојната сезона резервација на предметниот објект не е можна во термин во кој и најмалку би се поклопувала со потврдената резервација. Откако уплатените средства ќе стигнат на сметката на агенцијата (или по уплата со картица), на е-маил адресата на нарачателот ќе се упатат сите потребни информации за сопственикот и адресата на резервираниот објект.

Кога гостинот добива информации за сопственикот и адресата на резервираниот објект?  

Агенцијата се обврзува веднаш откако уплатените средства ке пристигнат на сметка, односно веднаш по одобрената авторизација на кредитната картица на нарачителот, да му ги проследи на уплатителот преку е-маил сите битни информации за сместувањето, а кои вклучуваат:

* име и презиме на сопственикот на објектот
* адреса на објектот
* телефонски броеви од фиксните мрежи во самиот објект
* сите корисни контакт телефони (куќни телефони, телефон на работа, мобилен и факс)

Во случај на отежнато пронаоѓање на наведените адреси, во повратен е-маил ќе ви приложиме и упатства како најлесно да дојдете до одбраниот објект.

Треба ли гостите пред патувањето да контактираат со сопственикот на објектот?  

Преку Директен контакт со сопственикот во можност сте да ги решите сите евентуални недоумици или нови прашања на најквалитетен начин. Но напоменуваме дека остварување на директен контакт со Вашиот домаќин пред почетокот на летовањето не е ваша обврска туку е можност која ви стои на располагање.

Кога гостинот добива ваучер (потврда за резервираната услуга)?  

Откако уплатената аконтација ќе пристигне на нашата сметка или по авторизација на трансакцијата извршена со кредитна картица ќе ви пратиме ваучер на Вашата е-маил адреса.

На ваучерот покрај сите информации поврзани со сопственикот и адресата на закупениот објект, посебно е назначен и преостанатиот износ кој гостинот се обврзува да го плати на сопственикот на објектот на денот на пристигнувањето. При пристигнување во закупениот објект ваучерот ќе му го предадете на Вашиот домаќин. Откако ќе го платите преостанатиот износ сопственикот на сместувањето ќе ви ги предаде клучевите од закупената смествачка единица.

Доколку гостинот другиот дел од износот за сместување го уплаќа на сметката на агенцијата, ваучерот ќе му биде пратен по уплата на вториот дел. При пристигнувањето во закупениот објект ваучерот ќе му го предадете на сопственикот на објектот. Тој Вам за возврат ќе ви ги предаде клучевите од закупената сместувачка единица.

Доколку целокупниот износ на резервацијата сте го уплатиле наеднаш, ваучер ќе ви биде пратен на Вашата е-маил адреса откако уплатените средства ќе пристигнат на нашата сметка. При пристигнување во закупениот објект ваучерот ќе му го предадете на сопственикот на објектот. Тој Вам за возврат ќе ви ги предаде клучевите од закупената сместувачка единица.


СВЕТИЛНИЦИ

Што да понесете со себе?  

Гостите со себе треба да понесат намирници и зачини, дополнителни крпи, куњски крпи, кибрити за палење на шпорет, детергент за садови, средства за чистење на санитарниот простор и се друго што е потребно за престој во апартман.

Како функционира доставата на намирници?  

На светилниците Савудрија, Вели Рат и Струга, можна е достава на намирници со надомест. На Св. Иван, Порер и Пришњак исто така е можна достава на намирници, но со претходен договор. Сушац и Палагружа се острови и намирниците гостот треба сам да си ги осигура пред заминување на светилоникот.

Што ако на гостот му притреба итна медицинска помош  

Сместување во светилниците кои се наоѓаат на подалечните острови препорачуваме само на здрави лица. За гости за кои треба итна медицинска помош доаѓа брзо пловило или хеликоптер со кој се префрлува до најблискиот болнички центар. На сите светилници постојат VHF радио станици преку кои може да се повика брза помош или да се побара медицинси совет преку emergency канал 16 (канал за сигурност).

Престојуваат ли светилничари во светилникот?  

Во сите светилници, освен на Пришњак, престојуваат светилничарите со своите семејства.

Може ли да се изнајми чамец?  

Доколку поседувате дозвола за управување со моторно пловило, со претходен договор со светилничарот можете да го изнајмите неговиот чамец.


ЧАРТЕР ПЛОВИЛА

Како да избирате екипаж при изнајмување пловило?  

Во случај на составаување на екипаж, кој ќе мора да има соживот во услови различни од секојдневните, потребно е да внимавате на некои работи. Групата би требало да има слични желби во однос на планот за пловидба и изборот на дестинации, односот на активност и одмор, престојот на море и укотвувањето на пристаништа и сл.
Во случај да изнајмувате пловило без капетанот, однапред одредете кој ќе биде главен и кој ќе донесува одлуки во спорни и опасни ситации. Особата која го презема кормилото би требало, да поседува искуство и стручност, располага со довербата и почитта на сите членови од групата.
Доколку членови на вашата група на планираното патување имаат дијаметрално спротивен начин на гледање, ве советуваме да се поделите на самиот почеток во две групи да не би дошло да имате незадоволителен годишен одмор.

Кој период е најпогоден за крстарење на Јадранот  

Јадранот е поволен за крстарење преку цела година. Затоа изборот на термин за пловидба може да го прилагодите зависно од тоа што вие преферирате и наутичките вести.
Ако планирате да пловите за прв пат, летото е најдобар избор поради малата веројатност за временски непогоди кои бараат посебно искуство и вештина во управувањето на пловилото. За искусни морепловци кои сакаат авантури зимскиот период би бил идеален.
Доколку сакате при крстарењето да ја почуствувате динамичната атмосвера на јадранските градови, да ги посетите културно- уметничките приредби и ноќните клубови, летото е сигурно најдобриот избор. Пролетта и есента се идеални периоди за туристи кои покрај капењето во топлото море сакаат да ја избегнат летната гужва.
Доколку Вам сончевото време ви е императив, јули и август се идеални месеци за одмор, но доколку цената Ви е пресуден фактор изберете друг месец.

Кој архипелаг да го изберете и како да осмислите план за пловидба?  

Изборот на архипелаг прилагодете го на вашите желби и можности. Доколку сте почетник, одлучете се за веќе испитани рути во подрачја со помала ветровитост и разредена обала со пристаништа на кои ќе може да се укотвите или заливи на кој ќе може да стигнете за најмногу два сати.
Ако сте отишле на море поради нуркање и спортско-риболовни авантури, информирајте се кој дел од Јадранот ви нуди најдобри можности за вашите потреби. Посветете внимание на потребната документација и дозволи, како и на запознавање на областите во кои риболов и нуркање се забранети.
Откако ќе се одучите за архипелагот, корисно е да ги испланирате и дневните рути. Ви препорачуваме да се држите до основното правило: Не би требало да потрошите повеќе од третина расположливо време до најдалечната дестинација. На тој начин ќе уживате во избраните дестинации и ќе се вратите на време. Имајте во предвид дека казните за не навремено предавање на бродот се исклучително високи.

По кој критериум да изберете пловило?  

Вековна дилема – едрилица или моторна јахта?
Доколку сакате динамичен годишен одмор на кој ќе поминете многу километри и ќе видите што повеќе дестинации, моторната јахта е идеален избор за Вас.Ако повеќе сакате да пловите на бранови и се препуштите на магијата на пловидбата сами, тогаш одберете едрилица. Притоа не грижете се околу евентуалното неискуство затоа што чартер едрилиците се исклучително лесни за управување.
Цената е фактор кој го стеснува изборот, па ако вашиот буџет е скромен заобиколете ги моторните чамци кои се вистински "голтачи на гориво".
Доколку планирате свое крстарење на Јадранот во јули и август, ви препорачуваме да побарате пловило што порано, а резервација да направите најкасно до април. Имено, интересот за изнајмување пловила е голем и често се резервираат многу рано.
Што се однесува на квалитетот, ви препорачуваме кај ист вид и произведувач на одредено пловило секогаш да го бирате поновото, особено ако прв пат одите на крстарење. Поновото пловило нуди подобра гаранција на квалитетот и безгрижно поминување на одморот.

Што е предмет на чартер договорот?  

За да биде валиден и да и служи на својата цел чартер договорот мора да ги содржи следните елементи:

* вообичаените податоци за странките на договорот: чартер компанијата и лицето кое го изнајмува пловилото. Доколку изнајмувачот на пловилото не е бродар, бродарот се наведува посебно, заедно со сите битни податоци за дозволата која му дава право да управува со пловило,
* предмет на договорот (предметното пловило со сите свои битни карактеристики),
* точна цена на наем на пловилото и точен износ на депозит, со јасни услови и можности за плаќање. Исто така треба исклучително да бидат наведени и сите додатни содржини кои изнајмувателот ги закупил, како што е надворешен мотор, гумен чамец, спинакер со припадните цени,
* термин на наем, со точни датуми и сааати кога пловилото може да се превземе и до кога мора да се врати во матичното пристаниште,
* матично пристаниште, односно пристаниште во кое пловилото ќе се раздолжи во случај на «one way чартер»,
* точен број на лица кои го закупиле пловилото, односно број на лица кои кои ќе престојуваат на пловилото.

Напоменуваме дека на нашите интернет страници чартер договорот е достапен во форма на општи услови за наем на пловилото. Со оглед дека букингот на пловилата се одвива онлине, односно договорот за соработка се склопува на далечина, не постои формален чин на потпишување на договорот, туку се смета дека со уплата на резервација клиентот потврдува дека е запознаен со општите услови за наем на на пловило, т.е дека истите во потполност ги прифаќа. Содржината на општите услови за наем на пловило, со уплата на резервација, во потполност ги обврзува, како клиентот, така и агенцијата.

Веднаш по примената потврда за уплата на резервација агенцијата му праќа ваучер на клиентот, на кој посебно се назначени сите битни елементи на чартер договорот, а со кои тој, при пристигнувањето во матичното пристаниште, едноставно го превзема закупеното пловило.

Што треба да понесете на крстарење?  

Следи детален попис на работите за кои би можело да ви се укаже потреба во текот на пловидбата, односно работи за кои би било корисно да ви се најдат при рака во случај на потреба. Напоменуваме дека поедини пловила некои од наведените ставки ги вклучуваат во стандардната цена на пловилото, но поголемиот број предложени ставки се сепак лични работи. Наше е да ви укажеме на нив, а конечната одлука е на Вас.

Документи, телефонски адресар и средства на плаќање

* ваучер или договор за наем на пловила
* лични документи (пасош, лична карта, возачка дозвола и здравствена книшка)
* уверение за способност за бродски водител
* полиса на лично осигурување
* останати документи (нуркачки, риболовни,...)
* личен телефонски адресар, со посебен нагласок на броевите кои во случај на потреба можете да ги контактирате независно од работното време, а кои вклучуваaт телефонски броеви од пристанишната капетанија и Вашата чартер компанија.
* пари (кредитни картици, чекови, готовина)

Облека

* едриличарско одело
* зимска јакна
* комплет топла облека
* комплет лесна облека
* тренерки
* едриличарски ракавици (со исечени прсти)
* едриличарска капа со штит за заштита од сонце
* зимска капа
* гумени чизми
* лесни бродски кондури или спортска облека
* облека за копно
* костум за бањање

Лични работи

* личен појас за спасување
* наочари за сончање
* резервни контактни леќи доколку носитe
* маска
* пераи

Лична хигиена

* прибор за лична хигиена
* крпи за лична хигиена
* крпи за бањање
* салфети
* тоалетна хартија
* креми или улје за сончање (со што поголем заштитен фактор)
* средства за заштита од инсекти

Средства за прва помош и лекови

* завои и газа
* фластери
* прибор за дезинфекција

покрај лековите кои ги пиете секојдневно би било корисно на пловилото да се најдат и лекови против:

* мачнина
* желудечни тегобии
* цревни проблеми
* воспаление на грло
* кашлица
* висока темпаратура
* алергија

Прехрана и пијалоци

Независно од начинот на прехрана за кој ќе се одлучите (прехрана во обалните ресторани, или припремање јадења на бродот) ви препорачуваме да понесете со себе доволна количина на пијалоци и зачини, односно некои намирници кои секогаш добро ќе се најдат , а кои во продолжение ги наведуваме:

* шекер
* сол
* црвен пипер
* квасец
* масло
* тестенини
* готови супи
* брашно
* јајца
* млако
* кафе
* траен леб

И секако, никако немојте да заборавите да понесете потребни количини на вода за пиење!

Останато

* личен комплет на наутички прибор и наутички карти (доколку имате)
* рачен GPS (доколку имате)
* личен компас (доколку имате)
* двоглед
* прибор за спортски риболов (за подводна пушка потребна е дозвола)
* наутички водачи, туристички проспекти или било која друга литература која може да ви даде корисни информации за акваториумот кој сте го избрале
* средства и прибор за перење садови
* средства и прибор за одржување на хигиена на санитарните чворови
* средства и прибор за чистење на бродовите
* средство за дезинфекција на водата за пиење
* комплет на корисен алат
* комплет на остри ножеви
* ножици
* прибор за шиење
* ѕидарски ракавици (за полесно ракување со сидрото)
* светилки на батерии
* кибрит (запалки)
* свеќи
* будилници
* мобилен со 12V полнач за батерии...
* фотоапарат или видео камера
* патен радио касетофон
* касети или ЦД-а со музиката која ја слушате
* доколку на бродот има некој музичар понесете го инструментот на кој свири
* резни друштвени игри
* литература за разонода и опуштање

Дали е потребно при изнајмување на пловило да се приложи депозит?  

При преземање на изнајменото пловило, потребно е одредени финансиски средства да се остават кај водителот на базата, со намена депозит односно кауција, кои би ги покриле евентуалните штети на пловилото или опремата, настанати за време на Вашето изнајмување.
Напоменуваме дека Вам чартер агенцијата може да ви наплати износ во висина од оставениот депозит, без разлика од вредноста на направената штета. Преостанатиот износ се наплатува од осигурителната компанија.
Кауцијата теоретски може да се плати на различни начини; готовина, кредитни картички, чекови, или пак банкарски трансакции, но вообичаено чартер агенциите нудат некој од наведените можности. Не е реткост да начинот на кој плаќате депозит е и фактор кој ќе влијае при изборот на чартер агенцијата како Ваш партнер за ова лето.
Кауцијата се плаќа дури кога самите ќе се уверите во состојбата на пловилото и опремата дали одговара во потполност на интернет презентацијата, односно со она што Вас ви го презентирал водиелот на базата. Доколку пловилото биде вратено без никакви оштетувања и со комплетна опрема, кауцијата после проверката ке биде вратена.

На што треба да внимавате при изнајмување пловила?  

За да би била поголема сигурноста на луѓето и пловилата во текот на крстарењето што поголема, пожелно е при превземање на пловилата да обратите внимание, проверите и да го прегледате следното:

Пловилото од надвор

* дали има видливи оштетувања како што се огреботини или удари по трупот, боковите и палубата
* прегледајте ги столбовите на оградата i обратете внимание дали се свиткани, односно дали се постољата целосни
* прегледајте ги страниците и крмените браници
* проверете ја затегнатоста на оградните сајли
* прегледајте го сидрото и ланчаникот, т.е обратете внимание дали другиот крај е заврзан во спремиштето на сидрото. Запишете ја должината на сидрениот ланец, испробајте го сидрениот винт, информирајте се за тоа дали постои резервно сидро и каде се наоѓа
* доколку под наем преземате и гумен чамец прегледајте го и него, а посебно внимание обратете на исправноста на моторот надвор од бродот и припадните весла

палубна опрема

* испробајте ги винтовите, на начин да рачно го завртите секој винт. Винтовите мораат глатко да вртат. Запишете колку рачки за винтови сте добиле!
* испробајте ги кортурите околу јарболот, страничните лизгачи за затегата на геновите, лизгач на затегата на главното едро
* проверете ги штоперите
* застанете до јарболот и погледнете према врвот накај јарболот и крстовите, и притоа обратете внимание дали е исправен јарболот, и дали јарболните крстови се потпрени на јарболот.
* проверете припоните (сартии) да не се премногу лабави
* поради поминување под мостови дознајте ја висината на јарболот од нивото на моторот
* подигнете ги едрата на едрилицата и прегледајте да не се оштетени
* прегледајте ги подигнувачите на едрата и конопите за намотување на едрата. Битно е да забележите дека не се видно оштетени, односно изедени
* завртете го кормилото лево и десно за да се уверите дека нема слободен од

крмно спремиште

* пребројте ги привезните конопи и оценете дали ги има доволно
* пребројте ги додатните браници и запишете ги
* проверете го мезомаринот
* проверете постои ли канта за вадење вода
* прегледајте ја опремата за чистење на бродот
* проверете дали постои црево за вода и дали е холандерот на место
* не заборавајте на кабел за приклучок на електрична мрежа, во случај пловилото да има можност за полнење на батерија
* проверете ја пумпата за кал

Мотор и батерии

* поврзано со моторот, секако треба да ги проверите техничките упатства во книгите на бродот, т.е доколку нешто не во е јасно, побарајте да ви се објасни, односно покаже. Независно од техничките упатства, на лице место треба да ги превземете следните работи:
* да му дадете контакт на моторот за да проверите дали моторот се пали лесно при првиот обид
* испробајте ја командата за гас (напред-назад). таа треба да биде мека.
* побарајте задолжителен увид на моторот, информирајте се за процесот на вентилација, промена на вентилот за ладење, за постоење на декомпресиски вентили, т.е каде што се наоѓа резервното улје
* проверете дали резерварот е полн со гориво, како што треба да биде према договорот. Напоменуваме дека е пожелно да се избегнуваат ситуации во кои количината на гориво се спушта под 1/3 од капацитетот на резерварот
* дознајте каде се батериите, колкав им е капацитетот и како се користат

Сигурносна опрема

* проверете дали постои самопумпачки сплав за спасување, т.е кој датум на рок на траење е втиснат на него
* постојат ли сигнални ракети, и дали има барем 6 црвени
* каде се сместени апаратите за гасење пожар, т.е кој датум на рок на траење е втиснат на нив
* дали бројот на спасувачки појаси одговара на членовите на посадата. Доколку со себе водите мали деца побарајте да ви дадат посебни појаси за деца, и гума за спасување со светло
* во случај да сте изнајмиле едрилица проверете дали на палубата постојат сигурносни појаси со куки, кои ја прават посигурна работата на палубата во лоши временски прилики
* проверете дали бродот има посебна столица односно појас за работа на јарболот

Инструменти

* вклучете ги сите навигациски инструменти за да ја проверите нивната исправност, а посебно внимание обратете на компасот, радарот, GPS, плотерот о VHF радио станицата
* уклучете ги и проверете ги сигналните светла за ноќна пловидба и за отежнати временски услови (црвено, зелено и бело сигнално светло)
* информирајте се каде се наоѓаат осигурувачите на електричните уреди, т.е проверете дали секој осигурувач има натпис за која намена е
* проверете дали постои приклучок за запалки за цигари, кој меѓу останатото служи и за полнење на мобилни телефони, односно како извор на струја за останатите електрични уреди
* проверете дали имате на располагање комплет наутички карти и прибор за цртање, односно одредување на положба на карта (лењир, шестар, молив и гума)
* доколку имате на располагање радио-касетофон кој е вграден во бродот, проверете го и него
* информирајте се на кои радио станици се емитува временска прогноза и во колку саат

Внатрешност на пловилото

* проверете дали постојат видливи оштетувања на мебелот или опремата во внатрешноста на пловилото
* информирајте се каде се наоѓа резерварот за вода, т.е начинот на кој се полни
* проверете ја исправноста на плинските апарати за готвење, начинот на кој се пали и каде се чува боцата за плин
* проверете ја исправноста на ладилникот
* прегледајте ги санитарните чворови и туш кабините
* прегледајте ги кабините за спиење и проверете дали има доволно постелнини и кебиња за секој член на посадата
* проверете дали има доволно садови и прибор за јадење, а посебно внимание обратете на отварачот за шишиња и конзерви
* тестирајте го внатрешното осветлување
* проверете ги прозорите и кровните отвори, посебно како се отвараат-затвараат и дали добро дихтаат. Посебно обратете внимание на затварањето на вратите од кабината и разните ормари, за да би се избегнало тропање при возењето, односно при невреме.

Која неопходна опрема треба да ја има пловилото?  

При превземање на пловилото потребно е да ја проверите опремата која е составен дел од пловилото и да ја прегледате нејзината исправност. Во продолжение ја наведуваме задолжителната опрема која треба да ја има чартер пловилото според правилникот на бродарите, т.е опремата која е во секој случај добродојдена:

Навигациски помагала

* поморски карти
* водичи
* попис на светилници
* туристички водичи или било какви други проспекти за деловите низ кои поминувате
* GPS, или по можност GPS со свој плотер

Опрема на пловилото

* сидро и помошно сидро со сидрен коноп со должина од приближно 50м
* три конопа за превез
* резервно рачно рудо во случај пловилото да има кормиларски уред
* дирек за врзување бродови
* весла
* ленгер (мезомарин)
* компас со осветлување
* пропишани светла
* светилка на батерии
* сирена
* VHF радио станица

сигурносна опрема

* појаси за спасување (бројот на појаси зависи од капацитетот на пловилото)
* појаси за спасување прилагодени за деца
* јажница за спасување со вградено светло и коноп од 25м
* сигнални ракети (минимум шест црвени)
* радарски рефлектор
* пумпа за кал
* противпожарен апарат
* сигурносен сплав

прва помош

Законска обврска на сите пловила од поголеми од 5 метра е да имаат прирачна аптека, и тоа со следната содржина:

* завои
* стерилни гази или компреси
* вата
* ханзапласт
* обичен фластер
* сигурносни игри
* триаголна марама
* алкохол
* амонијак, со кој се неутрализираат опекотини од медузи или убод од отровни риби
* геокортон

На што треба да се внимава при пловидбата?  

За да протече пловидбата во најдобар ред се препорачува на време да се води грижа за следниве детали:

* секојдневно контролирајте ја количината на улје во моторот, а посебно ако сте склони во исто време да ги користите и едрата и моторот. Во такви случаи моторот работи под косина, а при работа под косина троши повеќе улје. Се препорачува да не го употребувате моторот доколку косината на пловилото е поголема од 20 степена.
* водете грижа количината на гориво во резерварот да не падне под 1/3.
* по палењето на моторот проверете дали моторот исфрла вода преку одводниот канал, за да се уверите дали составот на ладење уредно работи.
* во марините и пристаништата посебно внимание обратете на конопите. Поради моменти на невнимание конопот многу лесно може да се замрси за пропелот, а одмрсувањето знае да трае со часови. Доколку при оптегнување на конопот сtе имале развиена брзина, веројатни се оштетувања на радилицата и носачите на моторот.
* со струјата постапувајте рационално. Додека сте на отворено море за осветлување и ладилник користете исклучиво сервисна батерија, избегнувајте вишок на светло, a "голтачите на струја" настојувајте да ги користите исклучиво во оние прилики кога моторот работи. напоменуваме дека во случај на потполно празнење на батеријата нема да можете да го покренете моторот.
* со питката вода постапувајте рационално и тоа првенствено на начин да кога и да ви се укаже прилика за тоа, да ја користите морската вода.
* секогаш водете сметка за длабочоната на морето, за да не ја оштетите кобилицата. Насукувања или удари во дното не се оправдување за евентуално настаната штета.
* едрата спуштајте ги штом осетите потреба за тоа, поради тоа што подоцна може да биде касно.
* пред самиот почеток на пловидбата договерете правила на однесување, на кои сите членови на посадата треба да се придржуваат без исклучоци и отстапувања.
* затварајте ги вратите на бродот и вратите од ормарите по себе, или закочете ги со кука.
* пред почетокот на пловидбата проверете дали се сите прозори и бокапорти затворени. Идентична процедура е и со вентилите во тоалетот.
* во пристаништата и марините немојте никогаш да го користите тоалетот. Тоа е забрането и со закон, а за прекршување се предвидени високи казни. Кога се всидрувате во некој залив, тоалетот го користите дури откако ќе проверите дека нема тоалети во близина.
* посебно внимание обратете на уредноста и редот во бродот. Секој треба да се грижи за уредноста на своите простории, а за хигиената и редот во заедничките простории се грижите заедно. На бродот треба да постои правило секој предмет кој сте го земале, по неговата употреба да го вратите на местото од каде сте го земале. Брод на кој владее неред, едноставно не функционира. Грижете се за пловилото, па и тоа ќе се грижи за Вас.

Што се очекува од гостите кога го враќаат пловилото?  

Се она што Вие сте го очекувале од чартер агенцијата при превземањето на пловилото, чартер агенцијата го очекува од Вас при враќањето на пловилото. Поради тоа, пловилото треба да го вратите вратите на време, во состојба во каква сте го затекнале, односно без никакви надворешни или внатрешни оштетувања, сo сета припадна и дополнителна опрема, т.е нормално со полн резервар гориво.

На самиот почеток сите детали уште еднаш ќе ги прегледате со Adriatic.hr представник, т.е штом утврдите дека се е во ред, односно дека пловилото е вратено во состојба во која е предадено, во можност сте безгрижно да се поздравите со јадранот, секако со полно срце и со надеж дека следното лето сепак ќе дојде брзо.

На кои законски прописи треба особено да се внимава?  

Советите и препораките кои следуваат предупредуваат за последиците кои неодговорното однесување на поединци може да го нанесе на природата, т.е представуваат допринес на Adriatic.hr во подигнување на свеста на поединци во поглед на нивниот однос према природата, за да би ги сочувале природните убавини на нашите обали, мориња и острови за генерациите кои доаѓаат.

Тоалети

Користењето на тоалетите во марините и пристаништата е забрането, а казните за прекршителите се високи. Доколку Вашето пловило се наоѓа на вез, користете ги санитарните чворови во склоп на марината или блиските угостителски објекти. Доколку се наоѓате во заливи, користете го тоалетот дискретно, дури откако сте провериле дека нема луѓе кои се бањаат во близина.

Ѓубре и отпад

Искористени и непотребни предмети, како и сите други видови на отпад никако немојте да ги фрлате во море, а посебно не ги оставајте на плажите и заливите во кои сидрите, поради тоа што најчесто не постојат служби кои на таквите места организирано го собираат и носат отпадот на депонии. Ѓубрето и останатиот отпад фрлајте го во места исклучиво предвидени за тоа на пристаништата и марините во кои застанувате.

Палење оган

Доколку за потребите за скара или за стварање на посебни настани се одлучите за палење на оган, тоа правете го исклучиво на самата обала, а никако во борова шума или во непосредна близина на било какви растенија. Постапувајте со посебно внимание, т.е додека има и најмал жар, не го оставајте огнот без надзор ни на момент. Пожелно е во вашата близина да се наоѓа и противпожарниот апарат од пловилото, канта за вода или било каков прикладен "алат" кој би можел да биде од помош доколку нешто тргне на лошо.

Сигнални ракети

Со сигналните ракети постапувајте крајно одговорно и совесно, затоа што исклучиво се покажало дека и тие можат да предизвикаат пожар на обалата доколку се испалуваат стихиски и непромислено.

Загрозени видови

Без оглед на целото богатство и разноликоста на флората и фауната на Јадранот, на одредени растителни и животински видови, најчесто поради неконтролиран лов, им прети потполно истребување. Со свое одговорно однесување водете грижа за флората и фауната на нашиот Јадран (не го загадувајте морето, риби ловете во оние количини во кои можете да ги конзумирате, не убивајте животни за забава, не ги кинете морските растенија од досада...)

Еколошки катастрофи

Доколку во текот на крстарењето приметите било какви показатели за еколошки катастрофи (нафтени дамки или дамки од улје, умрени риби, пожари...) или пак придонесете за нивно брзо и ефикасно ставање под контрола, итно обавестете ја најблиската пристанишна капетанија или служба за спасување.


Нека бисерот на медитеранот свети што подолго!