Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Водич - За Хрватска

Моментална страница: Хрватска > Водич > За Хрватска

Барај :

Општи и географски податоци

 
 Површина: 56.542 km2
Површина на територијално море: 31.067 km2
Број на жители: 4.381.352
Главен град: Загреб, 770.058 жители
Должина на морска обала: 5.835 km, од тоа 4.058 km островни обали, карпи и гребени
Број на острови, карпи и гребени: 1.185 - од тоа е 67 населени острови, а најголеми се Крк и Црес
Најголем врв: Динара 1.831 m/nm
Клима:
  • во внатрешноста на земјата умерено континентална со топли и суви лета т.е благи но влажни зими
  • планински регии: свежи лета и остри зими со голема количина на снег
  • обални регии: медитеранска клима со вруќи и суви лета т.е благи но влажни зими
  • просечна температура во јануари:
    внатрешност -1 до 3° C; планинско подрачје -5 до 0° C; приморје 5 до 10°C
  • просечна температува во август:
    внатрешност 22 до 26° C; планинско подрачје 15 до 20°C; приморје 26 до 30°C
Национален состав: поголемиот број жители се Хрвати, со малцински групи Срби, Босанци, Словенци, Италјани и Чеси
Религија: поголемиот број жители се римокатолици, а помал број се православни и припадници на исламската вероисповед.
Службен јазик: Хрватски, писмо латиница

Основни историски податоци

 
Околу 400.п.н.е. - основање грчки колонии на јадранските острови
Околу 100.п.н.е. - Римјаните владеат со источната обала на јадранот
305. - римскиот цар Диоклецијан живее во својата палата во денешен Сплит
Околу 600. - започнува доселување на хрватите на тлото на денешна Хрватска
852. - кнезот Трпимир ја издава првата повелба во која за прв пат се споменува името Хрватска во службените записи
925. - се споменува првиот хрватски крал Томислав, кој ја уредува панонска и далматинска Хрватска
1102. - по погинувањето на последниот домашен крал Петар Свачич, Хрватска влегува во персонална унија со Унгарија
1527. - поради опасност од продор на Турците, со одлука на хрватското заседание, на хрватскиот престол доаѓа династијата на Хабсбург
1699. - Хрватска е воглавно ослободена од турските власти
1815. - по краткотрајното владеење на французите, скоро целата Хрватска династија влегува во состав на Хабсбуршката монархија
1847. - Хрватскиот постанува службен јазик во Хрватска
1848. - владателот Јосип Јелачич ја одбранил Хрватска од обидот на унгарска окупација и ги обединил сите хрватски покраини
1918. - по распадот на Австро-унгарската монархија во првата светска војна, Хрватска постанува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, подоцна прогласено Југославија
1941. - германските и италјанските сили ја окупираат тогашна Југославија. Започнива организиран партизански отпор, кој го водат антифашистите во Југославија
1945. - прогласена е Федеративна Народна Република Југославија и во нејзиниот склоп влегува денешна Хрватска како федеративна република
1990. - организирани првите повеќенародни избори во Хрватска по II светска војна
1991. - Хрватска прогласува самостојност, по што започнува српска побуна потпомогната од Југословенските народни армии од Београд
1992. - Хрватска постанува член на обединетите нации
1995. - Хрватската војска ја победила српската сепаратистичка побуна
2001. - Хрватска потпишува договор за стабилизација и придружување на Европската унија

Културно-историскo наследство

 
Хрватска изобилува со културно историски споменици од сите периоди, благодарејки на бурните историски збиднувања и преплетување на влијанијата од различни култури. Нејзината обала ја карактеризираат влијанија на медитеранска култура, бројни споменици од антиката, римскиот период и раниот среден век, романско сакрално наследство, т.е низа на сочувани карактеристични медитерански урбани целини. Континентална Хрватска е дел од средно европскиот културен круг и се истакнува со бројни предисториски наоди од светско значење, стари градини, тврдини и дворци на доцниот среден век и културни споменици и архитектура од барокниот период.

БЕЛЕЦ - црква св. Марије Сњежне од 17. - 18. век, со вредна барокна опрема.
ДУБРОВНИК - еден од најдобро сочуваните средновековно утврдени градови на медитеранот, изграден воглавно од 13. до 16. век, во потполност сочувани градски ѕидини со кули, Књежев двор, катедрала, Спонзовата палата, францискански манастир, тврдината Ловријенац. Стариот град е дел од светското наследство на UNESCO
ЃАКОВО - монументална катедрала на бискупот Ј. Ј. Стросмајер од 19. век
ХЛЕБИНЕ - село кај Копривница, колевка на хрватската наивна уметност
ХВАР - сочувана историска целина од 15. век, опкружена со ѕидини; најстар градски театар во Европа од 1612. година
КНИН - средновековна тврдина над градот; во околината едно од најбогатите раносредноевропски археолошки наоѓалишта во Хрватска
КРАПИНА - палеонтолошки локалитет Хушњаково, едно од најзначајните наоѓалишта на Неандерталци во светот
ЛЕПОГЛАВА -комплекс павлевски манастири со црква Св. Марија, во која е основана првата висока школа во Хрватска
МАРИЈА БИСТРИЦА - главно хрватско аџилишко одредиште со завет во црквата Св. Марија
МОТОВУН - сликовит средновековен град-музеј на врвот на брегот
НИН - старохрватски цркви Св. Крижа и Св. Николе од 11. век
ОСЈЕК - историски урбанистичка тврдина со низа вредни згради од 18. и 19. век
ОСОР на Црес - историски град со антички и средновековни згради и сочувани ѕидини
ОТАВИЦЕ кај Дрниша во Далматинска загора - мавзолеј на семејството Мештрович
ПАГ - сочувана урбана целина на плански изграден град од 15. век
ПОРЕЧ - историска урбанистичка целина; Еувразиева базилика од 6. век, еден од најбитните рановизантиски споменици на Медитеранот, дел од UNESCO Светското наследство
ПУЛА - Римски амфитеатар од 1. век, трет по големина во светот, римска Златна врата
РИЕКА - Каштел на Трсат и светилиштето Св. Марија од Лорета
РОВИЊ - историски урбана целина со црква СВ. Еуфемија од 18. век
СОЛИН - Археолошки локалитет со остатоци од големиот римски град Салона и низа ранохристијански споменици
СПЛИТ - историски град со античка Диоклецијанова палата, еден од најбитните сочувани доцноримски историски споменици и е дел од UNESCO светското наследство; катедралата на Св. Дује, старохрватска црква на светото Тројство и други битни локации
ШИБЕНИК - историски градски ентитет со знаменита ренесансна катедрала Св. Јаков, делот на Јурија Далматинца и Николе Фирентица, т.е низа палати и цркви
ТРАКОШЧАН - романски дворец над истоименото езеро 
ТРОГИР - историски град на остров со катедрала од 13. век со познатиот портал на мајсторот Радован, дел од UNESCO-вото светско наследство
ВАРАЗДИН - добро сочувана барокна урбана целина; низа вредни палати, цркви и манастири; монументалниот Стар град и градските гробишта од 19. век познато по единствена хортикултура
ВЕЛИКИ ТАБОР во Хрватското загорје - од 16. век најдобро сочувана ренесансна тврдина во Хрватска
ВУКОВАР - предисториско археолошко наоѓалиште Вучедол е едно од најзначајните неолитички наоѓалишта во Европа; дворецот Елтз тешко е оштетен за време на српската агресија на Вуковар 1991.
ЗАДАР - историски урбан комплекс со сочувани ѕидини, повеќе антички и раносредновековни споменици - римски форум и единствена предроманска кружна црква Св. Донат од 9. век
ЗАГРЕБ - историска урбана целина на средновековниот горен град и Каптола, плански изграден Долен град од другата половина на 19. век со низа паркови во облик на поткови; загребачката катедрала е најистакната во земјата.

Најбитни музеи

 
ДУБРОВНИК - Археолошки музеј, Етнографски музеј, музеј на современа историја,Поморски музеј, катедрала Ризница, Дом на Марина Држачи
ЧАКОВЕЦ - Музеј Меџимурија
ГОСПИЧ - Музеј Лика, во соседната Смилјана е биографската збирка на Никола Тесла во неговото родно место
ХЛЕБИНЕ - Галерија на наивни уметности, Музејска збирка на Иван Гебералич
КАРЛОВАЦ - Градски музеј Карловац
КЛАЊЕЦ - Галерија на скулпторот Антун Аугустинчич
КРАПИНА - Музеј на еволуција и наогалиштето на прачовекот Хушњаково, Музеј на Лудевит Гај
КУМРОВЕЦ - Старо село - единствен етно музеј со оргинални селски куќи вклучувајки ја и родната куќа на Јосип Броз-Тито
МАКАРСКА - Малаколошки музеј (колекција на морски школки), Градски музеј Макарска
ОСИЈЕК - Музеј Славонија, Галерија на ликовни уметности
ПАЗИН - Етнографски музеј Истра, Музеј на град Пазин
ПУЛА - Археолошки музеј Истра, Историски музеј Истра
СПЛИТ - Музеј на хрватски археолошки споменици, Археолошки музеј Сплит, Галерија на скулпторот Иван Мештрович
ТРАКОШЧАН - Двор Тракошчан - музеј во дворец со голема колекција на старо оружје
ВАРАЖДИН - Градси музеј Вараждин во стариот град - Историски одел и Ентомолошки одел (збирка на инсекти)
ЗАДАР - Археолошки музеј Задар, Народен музеј Задар, Поморски музеј, Постојана изложба на црквени уметности,
ЗАГРЕБ - Археолошки музеј, Етнографски музеј, Хрватски музеј на наивни уметности, Модерна галерија Загреб, Музеј на град Загреб, Музеј Мимар со артефакти од сите периоди, Музеј за уметност и обрт, Музеј на природни науки, Музеј на современа уметност, Стросмајерова галерија на старите мајстори ХАЗУ, Технички музеј

Битни културни настани

 
ДУБРОВНИК - Дубровнички летен фестивал - театар и музички изведби (јули-август)
ЃАКОВО - Ѓаковачки везови - фестивал на славонското народно наследство (јули)
ГРОЖЊАН - во средишна Истра - Грожњански музички вечери (јули-август)
ЃУРЃЕВАЦ - Пицокијада фолкорски фестивал (јуни)
КРК - Крчки летен фестивал - концерти на класични музичари (јули-август)
ОСОР - на Црес, Осорски музички вечери (јули-август)
СИЊ - Сињска алка, витешки натпревари (август)
СПЛИТ - Сплитски летен фестивал, театарски и музички изведби (јули/август)
ШИБЕНИК - Меѓународен детски фестивал (јуни/јули)
ВЕРАЖДИН - Вараждински барокни вечери (Септември-октомври)
ВИНКОВЦИ - Винковачка есен - фестивал на фолкорно наследство на Славонија (септември)
ЗАГРЕБ - Загребски летен фестивал (јули-август), меѓународен фестивал на авангардни театри (јули-јуни), Меѓународен фолкорен фестивал (јули), Бијенален фестивал на современа музика (април), Меѓународен фестивал на кукли (август-септември), Светски фестивал на анимирани филмови (јуни)
ЦРИКВЕНИЦА, ДУБРОВНИК, ЛАСТОВО, НОВИ ВИНОДОЛСКИ, РИЕКА, САМОБОР, СЕЊ - Карневал (јануари-фебруари, Нови винодолски и Сењ, исто така и во јули и авгист)

Некои познати Хрвати

 
БОШКОВИЧ, РУЏЕР (1711-1787.) физичар, математичар и астроном, еден од најучените лица на своето време, предходник на современата физика, основач на динамичката атомистика
БРОЗ-ТИТО, ЈОСИП (1892-1980.) политичар и државник, организатор на антифашистичкото востание во бивша Југославија во време на втората светска војна
ДРАЖИЧ, МАРИН (1508-1567.) книжевник; летописец на Дубровничката република, еден од најголемите ренесансни комедиографи (предходник на Молиер)
ГЕНЕРАЛИЧ, ИВАН (1914-1992.) сликар; основач на светски познатата Хлебинска сликарска школа
ГЕТАЛДИЧ, МАРИН ГЕТАЛДУС (1566-1606.) математичар, познат по примена на алгебра и геометрија, т.е исто така пионир во изработка на конусни леќи
ГУНДУЛИЧ, ИВАН (1589-1638.) книжевник; познат по епот "Осман" кој го величи ослободителниот дух на Дубровничката република
КЛОВИЧ, ЈУЛИЕ (1498-1578.) сликар, најголем европски минијатурист на своето време, сликал за римскиот папа и за семејстворо Медици и Фирензи
КРЛЕЖА, МИРОСЛАВ (1893-1981.) најголем хрватски современ книжевник и еден од најзначајните средноевропски книжевници во првата половина на 20 век, основач на хрватската лексикографија
ЛИСИНСКИ, ВАТРОСЛАВ (1819-1854.) композитор, ја напишал првата хрватска опера "Љубов и злоба" 1846. година
ЛУПИС, ИВАН (1813-1875.) поморски офицер од Риека, изумјител на торпедо, произведено за првпат во фабриката Whitehead во Риека 1866. година
МАРИН (4. век) резбар од островот Раба, основач на Сан Марино, прва европска република
МЕШТРОВИЧ, ИВАН (1883-1962.) знаменит хрватски скулптор, познат по монументални скулптури со национална тематика; работел во САД, негова најпозната скулптура е "Индијанци" во Чикаго
ПЕНКАЛА, СЛАВОЉУБ (1871-1922.) изумител на механичките пенкала и туш перата 1906. година т.е првиот хрватски авион двосед
ПОЛО, МАРКО (1254-1324.) венецијански авантуриста и истражувач, заслужен за откривање на Кина Европа; према традицијата потикнува од островот Корчула
ПРЕЛОГ, ВЛАДИМИР (1906-1998.) хемичар работел во швајцарија, добитник на Нобелова награда за хемија 1975. година
РАДИЧ, СТЈЕПАН (1871-1928.) политичар, основач на хрватски селски страни, демократ и борец за ослободување на Хрватска; починал како последица на атентат во Конгресот на Кралството Југославија
РУЖИЧКА, ЛАВОСЛАВ (1887-1976.) хемичар, равотел во швајцарија, добитник на нобелова награда за хемија 1939. година
SCHWARTZ, DAVID (1852-1897.) конструктор на летала со метална конструкција; Фердинанд Цепелинг ги купил неговите изуми и по нив изградил летало кое го носи неговото име
СТАРЧЕВИЧ, АНТЕ (1823-1896.) политичар, основач на правата на хрватските странки, заговорник на политиката за потполна независност на Хрватска; именуван "татко на татковината"
СТАПИНАЧ, АЛОЈЗИЈЕ (1898-1960.) загребски надбискуп, кардинал и теолог, во тек на II. светска војна јавно ги осудил фашистичките прогони; по воспоставувањето на комунистичките власти, затворен. Починал во заробеништво. прогласен за маченик. (беатификација 1998)
ТЕСЛА, НИКОЛА (1856-1943.) физичар, работел во САД, еден од најголемите изумители на поле на електротехниката; проектирал прва хидроелектрана на изменична струја на водопадите на Нијагара, дал основа за радарски уреди; по него е наречена мерната единица за магнетска индукција (Тесла - T)
ТУЏМАН, ФРАЊО (1922-1999.) политичар и историчар, учесник во антифашистичките потези. Поради застапување на хрватските национални права дошол во судир со комунистичкиот режим; основал Хрватска демократска заедница која победила на првите повеќе национални избори 1990. година, прв претседател на независна Хрватска држава
ВРАНЧИЧ, ФАУСТ (1551-1617.) изумител, филозоф и лексикограф; се антиципирал низ технички изуми, помеѓу останатото и падобран
ВУЧЕТИЧ, ИВАН (1858-1925.) еден од изумителите на дактилоскопијата, методи на идентификација на лица на темел на отисок на прстите

Национални паркови

 
БРИЈУНИ - група од два поголеми и дванаесет мали острови на западната обала на Истра; сочувана медитеранска вегетација, золошка градина во природа, културно античко наследство. Поради својата исклучителна убавина, од почетокот на 20тиот век, тие острови се омилено летовалиште за жителите од целиот свет.
КОРНАТИ - најрасцепкана група острови на медитеранот, која се состои од 140 ненаселени острови, мали островчиња и карпи, прав лавиринт на морето и каменот, позната по високите карпи во морето и необичните облици на релјефот, една од омилените дестинации за морепловците; Во националнот парк се наога Пишкеровата марина, а во близина се и осум други марини.
КРКА - најубавата карстова река во Хрватска, прогласена за национален парк од Книна до Скрадина; длабоките кањони се сечат во варовити плата; езера; помеѓу мноштво водопади, најистакнати се Скрадински Волк и Рошки слап. Помеѓу нив е островот Висовач, со францискански манастир, сместен во точката каде реката се проширува во езеро.
МЉЕТ - остров северозападно од Дубровник; западниот дел од островот е национален парк со два длабоки залива наречени езера поради својата тесна врска со отвореното море; обилна и разнолика медитеранска вегетација, вредни антички споменици и бенедиктински манастир од 12 век на помал остров сред езеро налик на залив.
ПАКЛЕНИЦА - Национален парк на јужната страна на најголемиот планински масив во Хрватска, велебит, кој се протега од највисоките врвови до морето, два импресивни кањони, Голема Пакленица и Мала Пакленица; мноштво необични камени релјефни облици, низа пештери, богата и разнолика флора и фауна; моментална вертикална стена позната како Анича Кук е еден од најпопуларните терени за обука на хрватските алпинисти.
ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА - Најубави и најпознати хрватски национален парк, дел од UNESCO Светското Наследство, сместен покрај главната улица која го поврзува Загреб со Далмација; 16 мали езера меѓусебно се поврзани со водопади створени со природно таложење на садра, густи букови и иглолисни шуми, делумично во вид на прашуми, бројни животински видови (вклучувајки црна мечка), за посетителите е организиран превоз со специјални возила за разгледување и електрични траекти.
РИСЊАК - шумовит планински масив северно од Риека, го опфаќа подрачјето на изворот на река Купе; поради својата положба на прелазот помеѓу Алпите и Динарите, постојат разни видови на флофа и фауна во малите подрачја, вклучујајки црна мечка, рис, диви кози, елени, орли "змии"; убавината на шумата, карстови појави и преубави видици привлекува бројни планинари.
СЕВЕРЕН ВЕЛЕБИТ- природно највреден и најатрактивен дел на повисокиот дел на Велебит.
Вклучува строго природни резервати на Рожански и Хајдучки кукови со атрактивни камени облици и Лукината јама, една од надлабоките во светот т.е познат Велебитски ботанички врв.

Природни паркови

 
Парковите се пространи природни или култивирани подрачја со нагласени естетски, еколошки, развојно-образовни, културно-историски и туристичко-рекреативни вредности.

БИОКОВО - импресивна карстна планина над Макарската ривиера; разнолика флора и фауна, прекрасни видици;
КОПАЧКИ РИТ - големо мочуришно падрачје на устието на Драва во Дунав, богат растителен и животински свет, особено мочуришните птици, елени и диви свињи.
ЛОЊСКО ПОЛЕ - едно од најголемите мочуришта во Европа на реката Сава источно од Сиска; пространи дабови шуми, богата птичја фауна, особено штркови.
МЕДВЕДНИЦА - горскиот масив над Загреб и неговата главна рекреациска зона; сочувани букови и иглолисни шуми, а има и атрактивни пештери и длабоки поточни долини.
ТЕЛАШЧИЦА - пространи речни устиа на Долг остров, кај Н.П. Корнати, одредиште за наутичари; мало езеро до море, а на морската страна најголемите хрватски гребени (и до 180 м)
ВЕЛЕБИТ - најголема и најубава хрватска планина; поради единствениот релјеф т.е растителен и животински свет, прогласена е за Светски резерват за биосфера; најголемо заштитено подрачје во земјата, ги вклучува Н.П. Пакленица и Северен Велебит;
ЖУМБЕРАК-САМОБОРКО ГОРЈЕ - западно од Загреб, пространи ливади, сликовити села со засечен релјефи длабоки кањони.
ПАПУК - најголема шума во Славонија, се истакнува со шумовитост и на маста еруптивен релјеф.
УЧКА - планина источно од Истра, над Кварнерската ривиера. Изтересен релјеф и флора, извонредни видици.
ВРАНСКО ЕЗЕРО - најголемо езеро во Хрватска, недалеку од Задар; поради близината на морето има и морски и слатководни риби, а познато е и по птичјо богатство.

Други заштитени подрачја

 
  • Два строго заштитени природни резервати
  • 73 специјални резервати (ботанички, геоморфолошки, хидролошки, ихтиолошки, орнитолошки, морски, зоолошки, шумски), 27 парк шуми, 28 значајни пејсажи, 75 примери на природни феномени (геолошки, геоморфолошки, хидролошки, палеонтолошки, ретки примероци на дрва) и 120 хортикултурни локации (арборетуми, ботанички вртови, паркови, поединечни дрва и шуми)
  • севкупна површина на заштитени површини е 4.585 km2, 8 посто од површината на Хрватска; заштитени се 380 животински видови и 44 билни врсти
Други значајни природни видици:
РЕКА ДРАВА - една од неколкуте најголеми реки во Европа чиј поголем дел е предложен како биосферски Светски резерват
РЕКА ДОБРА - во Карловец, познати поради својата чистота, богатства на риби и атрактивни кањони и брзаци на кои се организира сплаварење, кајарство и возење кануа
РЕКА МРЕЖНИЦА - во Карловец со низа на водопади на варовити препреки; атрактивни кањони и омилени плажи
БЕЛА СТЕНА и САМАРСКА СТЕНА - на планината Бјелоласица во Горската област; мноштво неодредени карпени облици во дивиот и шумовит пејсаж, строго заштитени како природни резервати
ВРАЖЈИ ПРЕМИН - во Скрада во Горската област; сликовит тесен кањон преку кој поминува застрашувачка стаза во карпите; на влезот во кањонот има атрактивен водопад Зален вир
ЛИМСКИ ЗАЛИВ - сликовит длабок морски залив на западната обала на Истра, поради својата тесност i стрмни карпи наликува на норвешките фјордови
РЕКА ГАЧКА - во Лица кај Оточца; со низа сликовити извори и стари воденици, позната како едно од најзначајните места за ловење пастрмки во Европа
ЗЛАТЕН РАТ во БОЛ на БРАЧ - многумина се согласуваат дека тоа е наубавата плажа на Јадранот, рт од фин песок кој се движи заедно со брановите, опколен со борова шума
МОДРО ЕЗЕРО и ЦРВЕНО ЕЗЕРО - езера во Имотска во Далматинска Загора; единствен карстен феномен од две исклучително длабоки дупки (длабочината на Црвеното езеро е 500 метра)
МОДРА СПЛИЈА - пештера на островот Бишево на отворено море; близу Вис, истакната поради својата плава боја, според многумина, многу поубава од сличните, но многу попознати пештери на Чаприја
ДЕЛТА НЕРЕТИВИ - во јужниот дел на земјата, единствено мочуришно подрачје со специфина вегетација од трски, познато по голем број на птици

Спорт, рекреација, забава

 
Спортски терени: Покрај поголемиот број на хотели и кампови на јадранот постојат бројни спортски терени за тенис, кошарка, одбојка на песок итн. Посебно популарен е тенисот - Умаг и Загреб се домакини на ATP турнири.
Водни спортови: во поголемите туристички дестинации можно е изнајмување на чамци, риболовна и нуркачка опрема, а постојат и бројни школи за нуркање и сурфање. На реките Добра и Цетина се организира рафтинг. Кајакарство и пловење со кануа на диви води се организира на Купа, Корана, Мрежница, Цетина и Уна.
Планинарење: Уредени планинарски стази, планинарски домови и засолништа постојат на сите поголеми планини, а особено во Горска Котара, на Велебит, Учка, Мосор, Биоков, Медведница, Жуберачка гора, Иваншчица и Папак.
Стадиони за олимписки спортови и големи спортски сали се наоѓаат во Загреб и Сплит, во кои се одржани Светски студентски игри (Универзијада) и Медитерански игри. Поголеми стадиони и спортски сали постојат и во други поголеми градови.
Забава: повеќето хотели од повисока категорија имаат казина и ноќни клубови, посебно Загреб, Опатија, Умаг, Пореч, Ровиња, Пула, Дубровник. Сите поголеми градови и побутни туристички места на јадранот имаат диско клубови, додека во лето редовно се организираат танцови вечери на отворено и разни забавни приредби.