E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Саб
08:00h - 22:00h
Нед
10:00h - 22:00h

Куќен ред

КУЌЕН РЕД НА ПРИВАТНОТО СМЕСТУВАЊЕ


Со цел да ви осигураме угоден престој и да отстраниме можни недоразбирања ве молиме да се запознаете со куќниот ред. Со потврда на резервацијата се подразбира дека со неа сте запознаени и согласни, т.е дека во потполност ќе се придржувате до неа. Непридржувањето до правилникот на куќниот ред може да резултира со отказ на резервацијата, т.е наплата на полна цена за престој без оглед на предвременото присиленото заминување.

  • При пристигнување во стан гостите му предаваат на домаќинот лични документи од сите лица поради пријава (пасош или лична карта, ваучер) и го плаќаат остатокот од износот за сместувањето. Личните документи мораат да ви бидат вратени во рок од 24 часа.
  • Домаќинот ви стои на располагање во текот на Вашиот престој за сите информации и помош која ви е потребна. Ви предложуваме примедбите за квалитетот на сместување веднаш да му ги најавите на домаќинот, т.е доколку тој не ги превземе потребните мерки за отстранување на Вашите примедби, контактирајте ја агенцијата.
  • Гостите се одговорни за редот и чистотата на сместувањето, т.е обврзани се нив да ги одржуваат. Домаќинот не е должен да чисти и спрема за време на престојот на гостите, ни да го изнесува ѓубрето од сместувачката единица.
  • Домаќинот ќе ви ја менува постелнината на секои 7 дена. Домаќинот нема обврска да им даде на гостите пешкири, кујнски крпи, тоалетна хартија, хигиенски средства, средства за чистење и перење на садови, лежалки ни чадори за сонце.
  • Домаќинот не е обврзан ниту одговорен за организирање на слободното време и анимација на гостите.
  • Гостите се должни сами да се грижат за своите работи и драгоцености оставени во сместувачката единица, и сопственикот не одговара за евентуално исчезнување на истите. Кога излегувате надвор задолжително заклучете ја вратата и прозорите.
  • Домаќинот нема право во отсуство на гостите да влегува во сместувачката единица. Исклучок представуваат одредени околности во кои е неопходно да се влезе внатре поради спречување на можни штети или опасности. За своето влегување сопственикот е должен да ги извести гостите во првиот следен контакт. Во случај на оправдан сомнеж на домаќинот за направена штета, гостите се обврзани да му овозможат влез во сместувачката единица поради проверка на ситуацијата.
  • Домашни миленици гостите можат да внесат во сместувачката единица само со претходна дозвола од домаќинот и агенцијата. Носење домашни миленици без претходна најава во резервацијата не е дозволено, т.е сопственикот на станот и агенцијата имаат полно право на отказ на сместувањето. Гостинот е обврзан да внимава домашниот миленик да не скока по гарнитурата и не нанесува штета, т.е веднаш да ги исчисти неговите остатоци во апартманот, дворот, куќата, нејзината непосредна близинаи на плажа. Доколку претходно било договорено дека домашниот миленик ќе се чува надвор, тогаш е строго забрането држење на домашниот миленик во букираното сместување.
  • Во станот не е дозволено да се внесува оружје, лесно запаливи и експлозивни работи и работи со јак или неугоден мирис т.е било кои направи за припремање на храна (решо и сл.) или други електрични апарати (вентилатор и сл.) без дозвола на сопственикот.
  • Ве молиме да ја чувате изнајмената сместувачка единица и да се однесувате обзирно према намештајот и опремата во ентериерот и екстериерот на куќата. Не е дозволено да се преместува гарнитурата помеѓу просториите, т.е да се изнесува внатрешната опрема во друга сместувачка единица, надвор од куќата или на плажа (столици од кујна на тераса, прибор за припрема и конзумација на храна во друга сместувачка единица, пешкири или крпи од апартманот на плажа, лежалки од базен на плажа и сл.).
  • Користење на опрема и уреди кои не се составен дел од понудата на сместувачката единица (скара, гаража и сл.) дозволено е само со претходна согласност на домаќинот.
  • Задолжително затвроете ги чадорите за сонце, исклучете ги светлата, електричните апарати, плински инсталации и затвроете ги славините кога излегувате од сместувачката единица. Особено немојте непотребно да го оставате клима уредот упален додека не сте внатре, ниту го користете со отворени прозори и врати. Забрането е ладење на храна и напитоци со истечна вода. Исто така е забрането фрлање на отпадоци во wc школката, мијалниците и други места кои не се за тоа предвидени, односно во дворот и во непосредна близина на куќата.
  • Во случај на резервација на сместување во објект од видот на „Робинзон“ гостинот е обврзан да штеди на вода и струја, односно не смее без дозвола на сопственикот да ги користи апаратите кои трошат многу струја (на пример фен за коса, пегла и сл.).
  • Во ентериерот и екстериерот на сместувачката единица е строго забрането носење лица кои не се корисници на тоа сместување. Доколку се пронајдат лица кои не се регистрирани или не се најавени при резервацијата, домаќинот и агенцијата имаат полно право на отказ на сместувањето за сите гости. Гостите од други станови во куќата или од друга куќа кои не се во сопственост на сопственикот немаат право на престој во овој стан без негова нагласена дозвола.
  • Гостинот кој намерно или несакајќи направи дефект или штета на имотот ќе мора на домаќинот да му надомести полн износ за настанатите штети. Сопственикот на објектот може да бара од гостинот депозит за секоја букирана сместувачка единица. Гостинот уплаќа депозит на денот на пристигнување во букираното сместување. Депозитот се враќа на гостинот во целост на денот на заминување доколку ја остави еместувачката единица во состојба иста каква што ја затекол на денот на пристигнување. Доколку сопственикот бара депозит, гостинот за тоа ќе биде информиран при приемот на пресметката за резервација.
  • Доколку гостинот на денот на пристигнување пристигне во букираното сместување по 20:00 часот, обврзан е претходно да се јави на сопственикот на објектот или агенцијата и да го најави доцното пристигнување, за да би се избегнала ситуацијата да домаќинот, со претпоствка дека гостите нема да дојдат, прими други гости во сместувачката единица.
  • На денот на заминување обврзани сте да ја напуштите сместувачката единица до 10:00 часот за да би била исчистена и припремена за други гости кои доаѓаат по вас и имаат право на влез во 14.00. Објектот кој сте го изнајмиле должни сте да го оставите во состојба во каква и сте го затекнале на денот на пристигнувањето - уреден и неоштетен.
  • Од 22:00 часот до 8:00 часот е време на ноќен мир, а од 14:00 часот до 17:00 часот е време за попладневен мир. Поради тоа немојте да му сметате на домаќинот и неговите соседи, како ни на другите гости во куќата.
  • На гостинот кој не се придржува до куќниот ред и го ремети мирот може да му се откаже сместувањето. Во случај на отказ на сместувањето од страна на домаќинот или агенцијата поради повреда на правилата на куќен ред, на гостинот не му се враќа уплатениот износ, без оглед на скратениот престој.
  • Со почеток на користење на сместувањето се подразбира дека гостинот е запознаен со куќниот ред и дека и дека се согласува на обврските и условите истакнати овде. Сите спорови кои не можат интерно да се решат со домаќинот или агенцијата ќе бидат решени со интервенција на полицијата или судот во Сплит. Сите рекламации се земаат во предвид само доколку се пријавени за време на престојот. Дополнителните рекламации не ги разгледуваме.

КУЌЕН РЕД - СВЕТИЛНИЦИ

Заштитата на природата кај светилникот е на највисоко ниво. Секој гостин треба да ја чува природата од загадување, одпадоци и пожари. За време на ноќите не е дозволено да се пали оган на отворен простор, батериски ламби, свеки или палење јако светло во апартманот, доколку претходно не се затемнат прозорите, поради тоа што на тој начин се загрозува сигурноста на пловидбата на бродовите. За сите активности (риболов, подводен риболов и нуркање) потребно е поседување дозвола. Доколку гостинот не се придржува до куќниот ред, Adriatic.hr има право да му го откаже сместувањето на гостинот.

Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори