Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Чартер пловилата најчесто имаат три или четири кабини со шест до осум легла. Со оглед на капацитетот на пловилото, во најголемиот број на случаи се формираат дружини кои заеднички изнајмуваат пловило за да би била што помала поединечната цена по член на посадата. Но, при тоа веројатно имаат на памет дека животот на море многу се разликува од од начинот на живот на кој сме навикнати - ново окружување, непоѕнати искушениа, прилично скратен простор, недостаток на интимност... Поради тоа, при составувањето на списокот на екипата која ќе биде подложена на соживот во претходно дефинираните услови, треба да бидете многу внимателни, поради тоа што во спротивно Вашиот годишен одмор лесно може да се претвори во права ноќна мора која ќе посакате да ја заборавите и пред нејзиниот крај.

Темелен услов на секое успешно крстарење е да биде групата компактна, односно да има слични желби и ставови за тоа како би требало чартерот да изгледа, а посебно во однос на планот за пловидба. Ставовите за прашањето како да се испланира крстарењето можат да варираат од еден до друг екстрем. На пример, едни преферираат спиење, а други активен одмор (риболов или други подводни активности). Едни преферираат пловење во природа и во поосамени места, како ефикасно бегство од секојдневието, додека други во крстарењето гледаат добра прилика да пробаат најразлични облици на забава кои ги нуди јадранот, па поради тоа преферираат пречести прикотвувања во марините и излез на копно. Едни преферираат одмор на места во некој мирен залив или обала, сончајки се, бањајки се и чекајки одморот да пројде, додека други преферираат непрестано движење, со цел за поминување на што поголеми растојанија и запознавање на што поголем дел од јадранот. Секогаш можете да предложувате, но и да го почитувате мислењето на другите, а посебно е битно никогаш да не ги присилувате другите да го прифатат Вашиот предизвик.

При формулирањето на групата настојувајте да избегнувате луѓе од песимистичен карактер, кои во се гледаат нерешливи и застрашувачки проблеми. За такви лица морето е сигурно лош избор, и тие со своите непрестајни приговори и негативен став претставуваат потенцијален извор на потполно пореметување на енергетската рамнотежа и севкупните меѓучовечки односи.

Во случај да изнајмувате пловило без бродар, однапред одредете кој ќе биде главен и кој ќе ги носи главните одлуки во спорни и опасни ситуации. Лицето кое го превзема кормилото мора да ужива голема доверба и почит од сите членови на групата, на основа на стекнатото искуство и стручност.

За да се уверат членовите дека можат на море да функционираат како целина, потребно е за сите прашања на време и отворено да се разговара. Таквите разговори имаат двојна функција; да се потврди компактноста на групата, т.е повикувајќи се на претходниот договор, ќе го подржат секое додатно неудоволување на бродарот во однос на изненадни испади на некои од членовите на дружината.

Доколку членовите на Вашата група на крстарењето гледаат на сосема спротивен начин од Вас, наш совет е да не трошите време на бескорисни расправии и да не го трошите време залудно, туку уште на самиот почеток да се поделите во 2 групи, поради тоа што во спротивно крстарењето може да ве подели Вас.