Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Recommending програм

Моментална страница: Партнери > Recommending програм

Recommending program (програм за препорачување) претстваува наједноставен облик за соработка со нашите партнери. Овој вид на соработка бара најмал напор, и во него може да се вклучи секој.

Recommending агентите преку необврзувачки разговор ги запознаваат своите пријатели и познаници со можностите за летовање на Јадран кои ги овозможува Adriatic.hr.

Доколку лицата кои ќе ги упатите резервираат некои од нашите услуги во нашата понуда, т.е во формуларот за резервација во предвиденото поле ја наведат лозинката на recommending агентот кој ги упатил на web страницата на Adriatic.hr, гостинот си осигурува себеси 5% поевтин одмор, а неговиот recommending агент остварува заработка во износ од 5% на вкупно остварениот промет.

Попуст на основа reccommending препораки можат да остварат само оние гости кои за прв пат ги користат нашите услуги, односно само гостите кои ја посетиле нашата web страница по препорака на своите пријатели или познаници, но не и гости кои веќе ги користеле нашите услуги или кои резервирале наши услуги преку субагентските мрежи на Adriatic.hr.

Попустот се пресметува исклучиво на основната услуга (сместување без никакви додатоци, односно исклучиво наем на пловила).

Остварената заработка на рecommending партнерот може да биде исплатена на два начини:

  • Во случај recommending партнерот да е правно лице, во можност е по истекот на пресметковниот период да ни достави сметка на име рекламини услуги, т.е провизијата да му биде исплатена на неговата банкарска сметка (трошоците на банкарсиот трансфер ги сноси recommending партнерот).
  • Останатите recommending агенти (физички лица) по истекот на пресметковниот период износот на заработената провизија можат да го искористат во вид на попуст на било која услуга од нашата понуда која ќе ја резервираат во некој од идните пресметковни периоди.
Пресметковниот период трае од 01.10. – 30.09. Исплатите за остварена провизија на банкарска сметка (правно лице), однсно во вид на попуст (физички лица), recommending партнерот може да ги побара по истекот на пресметковниот период.

На recommending партнерот кој преку препораки ќе оствари минимално 5 резервации му се признава додатен бонус во износ од 50 €. На recommending партнерот кој ќе оствари минимално 8 резервации му се признава додатен бонус во износ од 100 €. За една резервација се смета едно уплатено барање за резервација без оглед на бројот на резервирани сместувачки единици и лица.

Остварениот износ recommending партнерот не може да го пренесе на трети лица.

Две лица кои одат на годишен одмор во иста сезона не можат да бидат recommending партнери еден на друг, туку само еден од нив може да добие 5 % попуст и другиот 5 % заработка.

Лозинката на recommending агентот преку која на лицата кои ги упатува ќе им оствари можност за поевтин одмор е Вашата е-маил адреса која ја наведувате при регистрацијата.

Доколку се пријавите за наш recommending агент, веднаш по извршената пријава ќе ви пратиме е-маил порака со пристапни податоци за корисничкиот дел на нашиот web site каде ќе имате детален увид во својата статистика и остварена заработка.

Овој вид на соработка помага во јакнење на меѓусебната довреба, затоа што со оглед на Вашите лични познанства кои ги упатувате на нас, веродостојноста на корисничкиот дел на нашиот web site, односно Вашата статистика и Вашата заработка, е лесно споредлива со стварната состојба.

Со членство во Adriatic.hr recommending програмата си осигурувате дополнителен извор на приходи, а на Вашите пријатели поевтино летовање на Јадранот. Пополнете ја пријавата и постанете Adriatic.hr recommending агент.

За дополнителни прашања или евентуални нејаснотии обратете ни се преку е-маил на recommending@adriatic.hr. Нашиот персонал ви стои на располагање!