E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Саб
08:00h - 22:00h
Нед
10:00h - 22:00h

Општи услови за давање сместувачки услуги



ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ДАВАЊЕ УСЛУГИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

1. УВОДНИ НАПОМЕНИ

Туристичка агенција „Adriatic.hr d.o.o.“, Poljička cesta 26, 21000 Split, OIB: 16364086764, ID: HR-AB-21-020038491 (во натамошниот текст: Adriatic.hr), дава гаранции за вистинитоста на сликовните записи и податоците поврзани со карактеристиките на сместувачките единици од својата понуда, кои се достапни на интернет страниците www.adriatic.hr, како и вистинитоста на условите под кои се нудат.

Adriatic.hr се обврзува да на гостинот му обезбеди сместување во закупениот капацитет во резервираниот термин, освен во случај на исклучителни околности предизвикани од виша сила (војна, немири, штрајкови, терористички акции, санитарни пореметувања, елементарни непогоди, интервенција на законодавната власт и сл.).

Со закуп на една или повеќе сместувачки единици од програмата на Adriatic.hr гостинот заснова правен однос со Adriatic.hr, т.е со тоа потврдува дека се согласува со овие општи услови за давање на услуги за сместување (во натамошниот текст: општи услови). Се што е објавено во аранжманот е правна обврска како за гостинот така и за Adriatic.hr. Овие општи услови се темел за решавање на евентуални спорови помеѓу гостинот и Adriatic.hr, затоа гостинот се упатува пред уплатата на аконтацијата задолжително и детално да ги прочита.

2. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА

Adriatic.hr дава услуги за приватно и хотелско сместување, како и сместување на светилници.

Видови и ознаки на сместувачките единици од понудата на приватно сместување на Adriatic.hr:

A – апартман, самостојна сместувачка единица која вклучува една или повеќе соби, сопствена кујна и минимално еден тоалет. Во целиот објект може да се наоѓаат еден или повеќе апартмани, студиа или соби. Во засебен дел на објектот обично живее сопственикот или неговото семејство.

AS – студио, сместувачка единица во која спалната соба, дневниот простор, трпезарија и кујна се наоѓаат во едена просторија или спалната соба се наоѓа на внатрешен балкон. Студиото има сопствена бања. Во целиот објект може да се наоѓаат еден или повеќе апартмани, студио или соби. Во засебен дел од објектот обично живее сопственикот или семејството на сопственикот.

S – соба, сместувачка единица со обезбеден простор за спиење. Најчесто има своја сопствена бања, но постои можност и на делење на бањата со други соби. Во некои објекти собите имаат на располагање заедничка кујна, чие користење најчесто се наплаќа. Во поголемиот број на случаи гостите немаат можност на самостојна припрема на храна, но тогаш најчесто постои можност за доручек со надоплата, полупансион или полн пансион. Во целиот објект може да се наоѓа еден или повеќе апартмани, студиа или соби. Во засебен дел од објектот обично живее сопственикот или семејството на сопственикот.

K – куќа, сместувачка единица која опфаќа цел објект. Се состој од една или повеќе соби, дневен простор, кујна и минимално една бања. Во објектот не престојуваат други гости ниту сопственикот.

Мала буква во шифрата на сместувањето значи дека објектот содржи неколку сместувачки единици, без оглед на тоа дали се тие вклучени во понудата на Adriatic.hr или во нив живеат сопствениците. На пример, доколку гледаме апартман со ознака A-456-c, веднаш можеме да заклучиме дека во објектот 456 се наоѓаат минимално уште 2 апартмани (апартман „a“ и апартман „b“).

Броевите во заградите означуваат капацитет на сместувачката единица, односно распоред на леглата. Левиот број го означува бројот на основни легла, а десниот помошни. Пример, ознака A-456-c (4+2) значи дека апартман „c“ во објектот 456 има 4 основни и 2 помошни легла.

Во една соба може да има најмногу две основни легла. Сите додатни легна во таа соба се сметаат за помошни. Како помошни се сметаат и сите легла кои се наоѓаат во кујната, трпезаријата или во дневната соба. Помошните легла во сместувачките единици од понудата на Adriatic.hr најчесто се класични легла, најчесто каучи на развлекување, а многу ретко полски легла. Позицијата и изгледот на помошните легла најдобро е да ја проверите на нацртите и фотографиите од избраното сместување.

3. ПОСТАВУВАЊE БАРАЊА

Доколку не е во можност самостојно да резервира услуга која најмногу му одговара на неговите барања, гостинот има можност да се обрати на персоналот во Adriatic.hr и да постави барање за резервација. Барањата се поставуваат преку е-маил (info@adriatic.hr). Секое барање треба јасно да ги содржи темелните критериуми на чија основа вработените во Adriatic.hr ќе креираат понуда (минимален термин, број на лица, нивна старосна возраст и преферирана локација, како и сите евентуални посебни барања кои ги има гостинот). Во случај на потреба гостинот може и телефонски да контактира со Adriatic.hr, но конечното барање мора да биде упатено преку е-маил.

Откако ја дефинирал посакуваната услуга, гостинот креира барање за резервација.

4. КРЕИРАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

Креирање на барање за резервација на сместување се обавува едноставно на интернет страниците на Adriatic.hr, со потполнување на формулар предвиден за таа цел. Пријавите исто така се примаат и лично, во канцелариите на Adriatic.hr и во канцелариите на субагентите на Adriatic.hr кои се овластени за продажба на сместувачките капацитети од понудата на Adriatic.hr-a. при пријавата гостинот е должен да ги впише сите податоци кои се бараат во предвидениот формулар за резервација, односно при пријава во канцелариите на Adriatic.hr или канцелариите на субагентите на Adriatic.hr да ги даде на увид сите преку потребните документи за обавување на пропишаните процедури.

5. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Гостинот личните податоци ги доставува доброволно. Личните податици на гостинот се потребни во процесот на реализација на бараните услуги, а ке се користат и за натамошна меѓусебна комуникација. Adriatic.hr се обврзува да личните податоци на гостинот нема да ги изнесува од компанијата или дава на трети лица, освен за цел на реализација на бараните услуги. Гостинот дава одобрение неговите лични податоци да можат да се користат за цел на маркетиншки акции на Adriatic.hr.

6. УПЛАТИ

Уплата за резервација може да се изврши со банкарска дознака (банкарските трошоци ги сноси гостинот) или со кредитна картица (банкарските трошоци ги сноси агенцијата). На гостите на кои им е потребна виза за влез во Република хрватска не се во можност да уплатат резервација со кредитна картица.

При плаќање со кредитна картица сметката на уплатителот ќе се третира во кунска противредност за износот на позивот за плаќање, пресметан според продажниот курс на Raiffeisen банката, т.е постои можност на минимална курсна разлика за која ќе биде теретена сметката на гостот.

За да ја потврди пријавената резервација, гостинот уплаќа 50% од вкупниот износ на резервацијата.

Останатиот износ до вкупната вредност на аранжманот гостинот ја уплаќа на неколку начини:

  • На денот на пристигнување, во готовина, директно на сопственикот на сместувањето,
  • Најдоцна месец дена пред пристигнувањето со кредитна картица или на банкарска сметка на Adriatic.hr-a, односно на субагентите на Adriatic.hr,
  • на денот на пристигнување во канцелариите на агенцијата Adriatic.hr .

Во посебни околности (пр. во случај на резервација чија вкупна вредност не надминува 300 евра или во случај на резервација за гости на кои им е потребна виза за влез во Република Хрватска) потребно е при потврдата на резервацијата да уплатат 100% од вкупниот износ на резервацијата.

Доколку гостот е обврзан да го уплати вкупниот износ на резервацијата на Adriatic.hr (во случаи кога не постои можност за уплата на преостанатиот износ директно на сопственикот на сместувањето или во канцелариите на агенцијата Adriatic.hr, т.е при резервации за хотелско сместување и светилници) и до терминот на пристигнување преостануваат помалку од 30 дена, гостот е обврзан при потврдата на резервацијата да уплати 100% од вкупниот износ на резервацијата.

За износот на аконтацијата, т.е начинот на плаќање на остатокот на износот, гостинот ке биде запознает при праќањето на позивот на плаќање.

Доколку уплатениот износ не стигне на банкарската сметка на агенцијата до заминувањето на гостинот на годишен одмор, гостинот се обврзува да и прати на агенцијата потврда за извршена банкарска трансакција (SWIFT). Доколку сака да ги избегне додатните банкарски трошоци за издавање на SWIFT потврда, во можност е да прати пополнета и потпишана изјава за уплата со приложена копија од лична карта или пасош, по чиј прием агенцијата ке му издаде ваучер.

Со уплата за резервација гостинот потврдува дека е во потполност запознаен со сите карактеристики и услови под кои му се нуди одредена сместувачка единица. Со чинот на уплата на резервација се што е наведено во овие услови постанува правна обврска како за гостинот, така и за Adriatic.hr.

7. СОДРЖИНА И ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените објавени на страните на Adriatic.hr варираат од објект до објект, т.е посебно се истакнати со секоја сместувачка единица. Цените на сместувачките единици се објавени во евра. На сметката ке биде изразена и противредноста во куни на уплатената услуга. Наведените цени на хотелското сместување и сместувањето на светилниците ги вклучуваат само оние услуги кои се опишани со одбраните сместувачки единици. Наведените цени на приватното сместување вклучуваат: дневен наем на сместувачките единици, постелнина, опремена кујна со потребните садови и прибор (освен ако се изнајмува соба без користење на кујна), трошоци за вода, струја и плин (со исклучок на одредени објекти од робинзонскиот туризам).

Дополнителни услуги се оние услуги кои се даваат во сместувачката единица, но не се вклучени во цената на нејзиниот закуп (услуги за прехрана, користење машина за перење алишта, изнајмување на чамци, вез за чамец и сл.), па со тоа гостинот ги плаќа посебно и под услов да стварно и ги користи. Доколку Adriatic.hr располага со ценовникот на дополнителни услуги, го објавува на интернет страниците. Доколку Adriatic.hr не располага со ценовникот за дополнителни услуги, цените се договараат директно со давателот на услугата. Повеќето дополнителни услуги гостинот ги плаќа директно на давателот на услугата, додека некои ги плаќа при порврдата на резервацијата.

Иако повеќето дополнителни услуги се факултативни, постојат и оние кои имаат обврзувачки карактер (пр. надоплата за завршно чистење, додатен превоз до објектот, пријава на гостите и слично.).

Со обзир на тоа што од некои од дополнителни услуги зависи и расположливоста на посакуваното сместување (пр. прехрана, носење на домашни миленици, користење на дополнителни легла…), т.е со обзир на тоа да сите дополнителни услуги (пр. чамец, вез за чамец, интернет...) не мораат секогаш да бидат расположливи, гостинот е обврзан саканите додатни услуги да ги пријави при креирањето на барањето за резервација.

Во поретки случаи гостинот пред почетокот на користењето на закупеното сместување ке мора директно на давателот на услугата да му уплати депозит во готовина. Депозитот служи како гаранција на давателот на услугата дека гостинот во закупеното сместување нема да причини штета. На денот на заминување, депозитот ке му биде вратен во целост на гостинот, Но откако давателот на услугата претходно потврди дека гостинот закупеното сместување го предал во состојба во која и го преземал.

За сите задолжителни надоплати, точниот износ на надоплата за бараните услуги и евентуални депозити, како и за начинот на нивна уплата, гостинот ке биде добро информиран најкасно до предавањето на позивот на плаќање.

Adriatic.hr го задржува правото на промена на цените објавени на веб страната на Adriatic.hr во случај да давателот на услугата ја промени цената на сместувањето и/или дополнителните услуги. Доколку цената на одредена сместувачка единица се промени по пријавата, а пред уплатата на аконтацијата, Adriatic.hr се обврзува да веднаш штом дознае за промената да го обавести гостинот за тоа, т.е со негова согласност му испрати нова пресметка.

Доколку цените на сместувањето и договорените дополнителни услуги се променат по уплатата на аконтацијата, Adriatic.hr му гарантира на гостинот дека преостанатиот дел од уплатата ке биде уплатен по пресметка на основа на која гостинот и одлучил да резервира одредена сместувачка единица. Во случај да давателот на услугата, односно Adriatic.hr, ја намали цената на сместувачките единици откако гостинот ја потврдил резервацијата, гостинот нема право на нова, пониска цена.

Договорните страни се согласни да Adriatic.hr има право да ја зголеми цената пред почетокот на користење на услугата ако по потврдата за резервацијата дошло до промени на стапките на договорните валути за повеќе од 5% или до зголемување на други трошоци кои влијаат на цената на услугата, а за кои Adriatic.hr не знаел или не можел да знае. Гостинот има право да ја откаже резервацијата доколку зголемувањето на договорните цени изнесува повеќе од 10%. Во тој случај гостинот има право на враќање на до тогаш уплатениот износ без право на надокнада за штета. Парите се враќаат на гостинот на банкарската сметка на трошок на агенцијата.

Сите цени наведени на интернет страната се однесуваат на престој подолг од 4 ноќевања. Го наведуваме процентот на зголемување на цената доколку станува збор за пократок престој:

  • За четири ноќевања наведените цени се зголемуваат за 20,00%.
  • За три ноќевања наведените цени се зголемуваат за 33,33%.
  • За две ноќевања наведените цени се зголемуваат за 50,00%.
  • За едно ноќевање наведените цени се зголемуваат за 75,00%.

Доколку гостинот веќе бил на летовање преку агенцијата Adriatic.hr, му се нудат дополнителни попусти во однос на цените објавени на интернет. Процентот на попуст е одреден со оглед на број на сезоните во кои гостинот резервирал сместување преку Adriatic.hr.

  • Доколку гостинот користел услуги од Adriatic.hr една сезона, му се одобрува попуст од 5,00% .
  • Доколку гостинот користел услуги од Adriatic.hr две сезони, му се одобрува попуст од 7,00% .
  • Доколку гостинот користел услуги од Adriatic.hr три или повеќе сезони, му се одобрува попуст од 10,00% .

Поголемиот број на резервации во една сезона не влијаат на зголемувањето на процентот на попустот.

Доколку во тековната година барање за резервација поднесе гостин кој во претходната сезона користел услуги на Adriatic.hr како член на поголема група, ке му се одобри припадниот попуст само под услов да во составот на Adriatic.hr е евидентиран како член на наведената група.

Откажаните и нереализираните резервации не влијаат на зголемувањето на одобрениот попуст.

Гостите на субагентите немаат право на наведените попусти, т.е со нив можат да се служат во склад со деловната политика на субагентите.

На услугите објавени во last minute понудата не се применуваат никакви додатни попусти.

8. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените сместувачки единици опишани се според службена категоризација на месната туристичка организација во време на издавањето на дозвола за работа, т.е со увид на вработените во Adriatic.hr во стварната состојба на сместувањето при обработката на објектот.

Стандарди за сместување, прехрана, услуги и др. во поедини места и земји се различни и не се споредливи. Информациите кои гостинот ги добива на продажните места не го обврзуваат Adriatic.hr во голема мерка, освен информациите објавени на интернет страните на агенцијата.

Распоред на собите/апартманите во хотелот го одредува рецепцијата на хотелот. Доколку гостинот изрично не договорил соба/апартман од посебен облик, ке прифати било која соба/апартман која ке му биде доделена во склад со неговиот ваучер.

Adriatic.hr гарантира дека давателот на услугата во секоја сместувачка единица, соогласно со бројот на лица за која е наменета, ке обезбеди соодветни садови во кујната и прибор за јадење. Секој гостин треба да биде примен во чиста и уредна сместувачка единица, т.е секој гостин ке го дочека чиста постелнина. За гости кои остануваат подолго од една недела постелнината ке се променува еднаш неделно. Давателот на услугата не е обврзан да обезбеди пешкири за гостинот.

На денот на пристигнување на гостите се сместуваат во сместувачката единица по 14 часот, а на денот на заминување од сместувачката единица го напуштаат објектот пред 10:00 часот. Давателот на услугата во рок од 4 часа ја доведува сместувачката единица во состојба прикладна за пречек на нови гости.

Клучот од закупената сместувачка единица давателот на услугата им го предава на гостите во самиот објект.

9. ПРАВО НА АГЕНЦИЈАТА НА ПРОМЕНА И ОТКАЗ

Adriatic.hr може да предложи промена на резервираното сместување или да ги откаже закупените сместувачки капацитети потполно или делумно доколку претходно или за време траењето на одморот настапат неочекувани околности поврзани исклучиво со закупеното сместување, кои не можат да се избегнат или отстранат (пр. санитарни пореметувања и сл.), а да настапиле за време на објавата и продажбата на програмот, тие би биле оправдани причини да агенцијата не ја објави понудата, т.е да не прима пријави и потврди за закуп на тие сместувачки единици.

доколку Adriatic.hr е во можност да му понуди на гостинот алтернативно сместување, промената на резервираното сместување може да се обави само со согласност на гостинот. Доколку заменското сместување е поевтино од откажаното, Adriatic.hr се обврзува разликата во цената да ја врати на гостинот на трошок на агенцијата. Доколку заменското сместување е поскапо од откажаното, Adriatic.hr го задржува правото на наплата на разликата во цената.

Adriatic.hr е должен на сите гости кои кои со уплата на аконтација го потврдиле своето доаѓање да ги извести за промените во резервацијата или отказ веднаш по настанокот на вонредните околности, а во неможност на пронаоѓање на атернативно сместување на трошок на агенцијата да им го врати уплатениот износ од резервацијата зголемен за банкарските трошоци за трансфер на парите. Гостинот се обврзува да достави потврда за висината на банкарските трошоци.

Оваа одредба се применува само под услов да настанатите вонредни околности не се предизвикани од виша сила, т.е да се поврзани исклучиво со резервираното сместување. Во случај на промена или отказ на резервираното сместување предизвикано од виша сила се применуваат одредбите од членот 11.

10. ПРАВО НА ГОСТИНОТ НА ПРОМЕНА И ОТКАЗ

Гостинот може да ја промени веќе дефинираната резервација само доколку давателот на услугата се сложи со тоа, а тоа може да вклучува: промена на носителот на резервацијата, терминот на резервацијата, број на лица, старосната возраст на лицата, т.е видот на резервирани основни или дополнителни услуги, т.е динамика на плаќање. Барањето за промена на резервацијата се поднесува во писмена форма преку (е-маил, телефакс или пошта). Обработката на наведените промени се наплатува паушално, по промена (нова пресметка) и зависи од датумот кога Adriatic.hr примил писмено барање за промена на параметрите на резервацијата.

  • За промена која гостот ја побарал во 21 и повеќе денови пред почетокот на користење на закупените услуги Adriatic.hr наплаќа паушален административен трошок во износ од 30,00 €.
За промена која гостот ја побарал во 20 и помалку денови пред почетокот на користење на закупените услуги Adriatic.hr наплаќа паушален административен трошок во износ од 45,00 €. Во случај гостинот по веќе усогласени и потврдени промени побара нова промена на резервацијата, таа повторно се наплатува согласно со горенаведениот ценовник на трошоци, дури иако новите параметри во потполност би одговарале на параметрите на оригинално потврдената резервација.

Доколку гостинот сака да го откаже резервираното сместување, тоа мора да го направи во писмена форма (е-маил, телефакс или пошта).

Датумот кога Adriatic.hr примила писмено обавестување за отказ, тоа е основа за пресметка на отказните трошоци, и тоа на следниот начин:

  • За отказ до 29 дена пред почетокот на користењето на закупената услуга, на име на манипулативни и административни трошоци Adriatic.hr наплаќа 30% од вкупната цена на закупеното сместување. Остатокот од парите се враќа на гостинот за трошок на примателот.
  • За отказ од 28 до 22 дена пред почетокот на користењето на закупената услуга Adriatic.hr наплатува 40% од вкупната цена на закупеното сместување (односно 50% од вкупната цена на закупеното сместување во светилникот). Остатокот од парите се враќа на гостинот за трошокот на примателот.
  • За отказ од 21 до 15 дена пред почетокот на користењето на закупената услуга Adriatic.hr наплатува 60% од вкупната цена на закупеното сместување. Остатокот од парите се враќа на гостинот за трошокот на примателот.
  • За отказ од 14 до 8 дена пред почетокот на користењето на закупената услуга Adriatic.hr наплатува 80% од вкупната цена на закупеното сместување (односно 100% од вкупната цена на закупенотои смесѕтување во светилникот). Остатокот од парите се враќа на гостинот за трошокот на примателот.
  • За отказ од 7 до 0 дена пред почетокот на користењето на закупената услуга Adriatic.hr наплатува 100% од вкупната цена на закупеното сместување.
  • Доколку гостинот не се појави на одредиштето или по почетокот на користењето ги откаже услугите за закупеното сместување, Гостинот нема право на надокнада на уплатениот износ.

Доколку гостинот откаже резервирано сместување со еден или повеќе признати попусти, при пресметката на сторно торшоците попустите нема да бидат земени во предвид и сторно трошокот ќе биде пресметан за полната цена на резервацијата.

Доколку стварно настанале трошоци поголеми отколку што е претходно изложено, Adriatic.hr го задржуво правото на наплата на стварно настанатите трошоци.

Наведените трошоци за отказ се применуваат и на промена на параметрите на резервацијата доколку давателот на услугата не се согласува на договор за нивна евентуална промена, односно на пренос на уплатена аконтација на нова сметка.

Замена на резервирана сместувачка единица за друга (различен сопственик) се смета за отказ на резервираната сместувачка единица. Во таа ситуација на гостинот исто така му се наплатуваат отказни трошоци по наведената скала, додека евентуална разлика ке биде признаена на гостинот за новата резервација. За нова резервација Adriatic.hr ке му одобри на гостинот посебен попуст во износ од 10%.

Доколку гостинот при отказот на резервацијата на закупеното сместување пронајде нов корисник за истата резервација, Adriatic.hr ги пресметува само трошоците настанати со замената.

Доколку резервацијата се откаже поради смрт на гостинот (носителот на резервацијата) или член на неговото семејство, Adriatic.hr ги пресметува само минималните трошоци за отказ на резервацијата (30%). Оваа одредба ке се примени во случај на смрт на било кој член од групата или смрт на член на нивните поблиски семејства (брачен партнер, брат, сестра, родители и деца), но со предуслов да агенцијата располагала со податок да тоа лице било пријавено како член на групата.

Гостинот е обврзан да и достави на агенцијата смртен лист, т.е евентуална потврда за сродство на починатото лице со носителот на резервацијата, односно со член на групата.

Веднаш по утврдувањето на точниот износ на парични средства кои треба да се вратат на гостинот, ке се изврши враќање на уплатениот износ за трошокот на гостинот.

Отказ на резервација кој бил предизвикан од било која друга причина секогаш ке се решава со задолжителна наплата на отказни трошоци по наведената скала.

Доколку гостинот во резервираното сместување не пристигне до 22:00 часот на денот на почеток на закупената услугата, а за причините за своето евентуално доцнење не го обавестил ни Adriatic.hr ни давателот на услугата, резервацијата ке се смета за откажана на денот на пристигнувањето, тогаш трошоците за отказ се наведуваат према наведената скала. Во случај да давателот на услугата во меѓувреме примил други гости, гостинот нема право на приговор, т.е го губи правото на враќање на уплатениот износ.

11. ОБВРСКИ НА АГЕНЦИЈАТА

Adriatic.hr е должен да се грижи за извршувањето на услугите, како и за изборот на извршителите на услугите, т.е да се грижи за правата и интересите на гостите складно со добрите обичаи во туризмот.

Adriatic.hr е должен да осигура дека на гостинот ке му бидат обезбедени сите закупени услуги, т.е со тоа му одговара на гостинот за евентуално неизвршување на закупените услуги или дел од услугите.

Adriatic.hr ја исклучува секоја одговорност во случај на промена и не извршување на услугите предизвикани од виша сила на територијата на земјата на гостинот или на територијата на земјата каде услугата би требала да биде извршена (војна, немири, штрајкови, терористички акции, елементарни непогоди, интервенција на меродавните власти и сл.) која има за последица неможност на гостинот да го проведе одморот во резервираната сместувачка единица. Во таа ситуација уплатената аконтација на гостинот не се враќа, ниту е можно да се признае како уплатена аконтација за заменско сместување кое гостинот евентуално би сакал да го резервира во друга дестинација или во друг термин.

12. ОБВРСКИ НА ГОСТИНОТ

Гостинот е обврзан:

  • Да поседува валидни патни исправи за сите лица (вклучувајќи патните исправи за деца и задолжителни документи за домашните миленици). Трошковните губитоци или крадење на документите ги сноси гостинот;
  • Да се придржува до царинските и девизните прописи на Република Хрватска, како и државите преку кои поминува во текот на патувањето;
  • Да провери дали за влез во Хрватска или во транзитните земји му е потребна виза. Adriatic.hr не нуди услуги за средување на визи, т.е го задржува правото да го задржи уплатениот износ за резервација во случај да на гостинот не му бидат издадени потребните документи за влез во Република Хрватска;
  • На денот на своето пристигнување во канцелариите на агенцијата или директно на сопственикот на објектот да го подмири неподмирениот дел од сметкатa, доколку тоа не го направил претходно;
  • При пристигнувањето во закупената сместувачката единица, на давателот на услугата ке му го врачи ваучерот со точно назначен број на лица и видови на услуги кои мораат да им бидат обезбедени;
  • Да дојдат во сместувачката единица во точен број и во точна структура на лица како што е најавено во агенцијата. Доколку во резервираната сместувачка единица дојдат повеќе лица или во друга структура отколку како што е назначено на ваучерот, давателот на услугата има право да ја скрати услугата на ненајавените гости или да бара надоплата за нив;
  • Да го најави носењето на домашни миленици како давателот на услугата би му дал претходна согласност. Давателот на услугата има право да им ја скрати услугата на гостите доколку тие инсистираат на ненајавени домашни миленици во закупената сместувачка единица;
  • Да го извести Adriatic.hr за сите битни факти кои можат да влијаат на неговиот престој во резервираната сместувачка единица (пр. алергии и болести на гостот, инвалидност на гостот, доаќање со автомобил со нестандардна големина, потреба за кревет со нестандардна должина, посебни услови за исхрана доколку гостот нарачува прехрана и сл.)
  • Да се придржуваат на куќниот ред во закупената сместувачка единица, т.е да соработуваат со давателот на услугата со добри намери.

Во случај на непридржување до овие обврски, на гостинот може да му биде скратено резервираното сместување без право на враќање на уплатениот износ и без право на надомест на штета.

13. БАГАЖ

Багажот го превезува лично гостинот на свој ризик, поради тоа се препорачува осигурување на багажот во осигурително друштво.

Adriatic.hr не е одговорен за уништен или изгубен багаж, како ни за кражба на багажот во сместувачката единица. Пријава за оштетен, изгубен или украден багаж гостинот ја упатува на давателот на услугата за сместување и во надлежната полициска станица.

14. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Гостинот има право на приговори само за погрешно направени фотографии, односно не точно прикажани податоци поврзани за закупената сместувчка единица, освен во случај кога е затекната во состојба која е во корис на гостинот. Дополнително, гостинот има право на приговор за неред или нечистотија во закупената сместувачка единица.

Гостинот се одрекува од правото на приговори за сите факти кои се наведени на интернет страницата на Adriatic.hr, а кои тој претходно не ги констатирал, Како и на сите факти на кои претходно го предупредиле вработените во Adriatic.hr.

Гостинот се одрекува од правото на приговори по било која друга основа, а посебно на правата на приговор на евентуални неповолни климатски услови, конфигурација на плажата, чистотата на плажата, чистотата и снабденоста на дестинацијата, чистотата и температурата на морето, т.е на сите слични ситуации и настани кои можат да предизвикаат незадоволство кај гостинот, а не се однесуваат директно на квалитетот на резервираната сместувачка единица (пр. локални проблеми со снабдување со вода, проблами со канализацијата, преголем метеж, кражба или оштетување на имотот и сл.).

Секој основан приговор резултира со отстранување на рекламираните недостатоци, а доколку тоа не е возможно, со понуда на заменско сместување. Доколку давателот на услугата не е во можност да ги отстрани рекламираните недостатоци, a Adriatic.hr не е во можност да понуди заменско сместување, Adriatic.hr на свој трошок ке изврши враќање на уплатениот износ. Најголемиот исплатен надоместок по приговор може да биде само во висина на уплатениот износ. Гостинот однапред се одрекува од барање на било какви поврзани материјални или нематеријални штети (пр. банкарски трошоци за пренос на пари, трошоци за телефон, дополнителни трошоци за гориво, губење на време, прекумерен стрес, душевен бол и сл…).

Приговор може да се поднесе само на денот на пристигнување на гостинот. Доколку гостинот пристигнал во одредиштето по 22:00 часот, исклучително ке се земат во предвид приговорите кои ке бидат поднесени и следниот ден до 12.00 часот. Сите приговори кои ке бидат поднесени надвор од договорениот рок ке бидат отфрлени како неосновани, затоа што се претпоставува дека се од шпекулативни природа.

На агенцијата и се остава рок од 2 часа по приемот на приговорот да даде своја реакција на него, т.е доколку е приговорот основан, дополнителни шест часа за негово решавање. Во периодот од 22.00 до 8.00 часот не се сметаат дефинираните рокови.

Приговор не е можно да се поднесе преку SMS, е-маил или преку порака на телефонската секретарка. приговорот се поднесува исклучиво телефонски. Агенцијата го архивира аудиозаписот од примениот приговор, како и аудиозаписот на секоја понатамошна комуникација помеѓу гостинот и Adriatic.hr кој ке биде воден поради решавање на приговори. Со прифаќање на овие општи услови гостинот потврдува дека е запознаен со тоа да аудиозаписот на секој телефонски разговор со Adriatic.hr е архивиран, т.е дека е согласен да аудиозаписот послужи како доказен материјал во евентуален судски процес.

Adriatic.hr е организиран на начин да секој ден (вклучувајки ги и сабота, недела и празниците) од 8.00 до 22.00 часот е во можност да прими приговор од гостите. Доколку гостинот нема свој мобилен уред, се упатува да контактира со Adriatic.hr преку телефонот на давателот на услугата. Доколку во моментот сите влезни телефонски линии на Adriatic.hr биле зафатени или никој не се одговорил на телефонот, гостинот се упатува да го повтори телефонскиот позив, затоа што приговорите примени надвор од договорениот рок нема да бидат земени во предвид.

Агенцијата се обврзува да веднаш по приемот на приговорот, приоритетно ке почне да работи на неговото решавање. Откако ке ги провери сите околности (пред се ке контактира со давателот на услугата) агенцијата се обврзува најдоцна во рок од 2 часа по приемот на приговорот да ја евидентира и неговата оправданост. Доколку Adriatic.hr во дефинираниот рок (два часа) не би реагирала, гостинот се стекнува со правото да го напушти рекламираното сместување, а Adriatic.hr се обврзува да му го врати уплатениот износ на свој трошок.

Доколку Adriatic.hr приговорот го оцени за основан, му се дава рок од шест дополнителни часа да го реши приговорот со отстранување на причините за приговор. Гостинот е обврзан да соработува со претставникот на Adriatic.hr, како и со давателот на услугата со добри намери како би се отстраниле причините за приговор. Доколку гостинот на самото место не го прифати понуденото решение за приговорот кое одговара на резервираната и уплатена услуга, Adriatic.hr нема да прифати дополнителна рекламација од гостинот ниту ке се смета обврзан да на неа одговори.

Доколку оправдани причини на незадоволство не можат да се отстранат, Adriatic.hr се обврзува да пронајде заменско сместување за гостите.

Мерило за споредба на основното и заменското сместување се локацијата и цената огласена на интернет страниците на Adriatic.hr. Доколку рекламираното сместување се наоѓа на копно, Adriatic.hr има право како заменско сместување да понуди сместување кое се наоѓа на таа или соседна ривиера. Доколку рекламираното сместување се наоѓа на остров, Adriatic.hr има право како заменско сместување да понуди само сместување кое се наоѓа на тој остров. За споредлива цена се смета иста цена, повисока или до 15% пониска од изворната. Доколку Adriatic.hr на гостите им понуди заменско сместување по пониска цена од закупеното, гостинот има право на враќање на разликата во цените. Доколку Adriatic.hr на гостите им понуди заменско сместување поскапо од закупеното, разликата во цената ја сноси Adriatic.hr.

Доколку гостинот не ја прифати споредбата на заменското сместување со рекламираното (локација и цена), Adriatic.hr нема да прифати дополнителна рекламација од гостинот ниту ке се смета обврзан да на неа одговори. Со прифаќањето на заменското сместување гостинот се одрекува од правото на враќање на уплатениот износ за рекламираното сместување.

Доколку Adriatic.hr во дефинираниот рок (шест часа) не ги отстрани рекламните недостатоци или не им понуди на гостите заменско сместување, гостинот се стекнува со право да го напушти рекламираното сместување, а Adriatic.hr се обврзува да им го врати уплатениот износ на свој трошок.

Доколку Adriatic.hr го оцени приговорот за неоснован, нема да делува на отстранување на причините за приговор. Гостинот е во можност да ја прифати таквата одлука, т.е во склад со однапред договорените услови да престојува во закупеното сместување или да побара од агенцијата да му понуди алтернативно сместување, кој е обврзан да го плати во полн износ на новиот давател на услуга. Со одлуката за престој во закупената сместувачка единица гостинот однапред се одрекува од можноста на барање за враќање на уплатениот износ. Доколку гостинот не ја прифати одлуката на агенцијата, т.е одлучи да дополнително го бара уплатениот износ, не смее да престојува во рекламираното сместување. Најкасно во рок од седум дена по истекот на терминот на рекламираните услуги, гостинот се обврзува да приложи приговор во писмена форма преку (e-маил, телефонски или преку пошта). Приговорот кој е примен надвор од договорениот рок, т.е со непотполна документација (фотографии, податоци од други веродостојни извори…) нема да биде земен во предвид.

Adriatic.hr е должен да донесе писмено решение на уредно поднесен приговор во рок од седум дена по неговиот прием. Adriatic.hr може да го продолжи рокот на решавање на приговорот поради прибирање на информации и проверка на наведениот приговор кај давателот на услугата најмногу за дополнителни 14 дена.

Додека Adriatic.hr не донесе решение, гостинот се одрекува на посредување на било кое друго лице, арбитража UHPA, судски установи или давање на информации во јавни гласила. Доколку гостинот постапи спротивно на оваа одредба, поради повреда на процедурата, а без обзир на основаноста на исказот, Adriatic.hr има право да бара надомест за штета која гостинот со таквата постапка би ја нанел.

Доколку гостинот на самото место не биде задоволен со затекнатата состојба, т.е го напушти објектот и самоиницијативно пронајде друго сместување, со тоа што на агенцијата не и овозможи шанса да во договорениот рок од осум часа ја реши причината за неговото незадоволство или евентуално да му пронајде заменско сместување, не може да бара враќање на уплатениот износ ниту да упати тужба за надомест на штета, без оглед на фактот дали неговите причини биле оправдани или не.

15. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Секој евентуален спор странките ке пробаат да го решат разумно. Во случај странките да не успеат да го решат спорот, согласни се да спорот ке го решава за тоа надлежниот суд во Сплит.

На се она што не е посебно одредено во овие општи услови се применуваат правните прописи на Република Хрватска кои се на сила.


В Сплите, 01.10.2008

Постоечки корисник

Пријавете се за користење на корисничкиот интерфејс

Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори