Е-маил адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
Е-маил адреса
Искористете прилика за голем попуст до 30%
Приватно сместување чартер

контакт телефон

Хрватска: +385 21 456-456  

Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h

Е-маил: info@adriatic.hr

Contact us

Website правила и услови

1. СКЛОПУВАЊЕ ДОГОВОРИ ПОМЕЃУ ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ "ADRIATIC.HR" И КОРИСНИЦИТЕ НА WEB SITE

Правила и услови на користење, т.е прифатливи начини на однесување на корисниците на Adriatic.hr интернет страниците постојат поради заштита на корисниците на Adriatic.hr услугите, туристичките агенции "Adriatic.hr" и останатите корисниците на интернет од неодговорни, вознемирувачки, сметачки, а во краен случај и незаконски активности. Следејки ги условите за користење, ќе си осигурате себеси и на другите корисници поудобно и попродуктивно користење на "Adriatic.hr" услугите.

Со користење на овие web страници, односно било кои услуги од "Adriatic.hr" понудата, ги прифаќате овде наведените правила и услови на користење. Поради тоа ве молиме, условите на користење секако да ги прочитате и почитувате, поради тоа што цо спротивно, поради непочитување на истите ќе сносите последици пропишани со закон, односно со овој договор. Доколку не се сложувате со правилата и условите на користење на овие страници, ве упатуваме воопшто да не ги користите.

2. СОДРЖИНА НА WEB SITE

Содржинита и сервисите на Adriatic.hr се на располагање на корисниците, посетителите и деловните партнери, а според условите одредени со овој договор. Содржината и сервисите на овие страници се првенствено наменети за сите заинтересирани за можности и развој на хрватскиот туризам.

Материјалите објавени на Adriatic.hr интернет страниците се од комерцијален и информативен карактер, а корисниците можат да ги користат исклучиво во лични цели. Целта на Adriatic.hr интернет страниците е заинтересираните корисници квалитетно да ги информира за туристичката понуда на хрватскиот Јадран. Со мноштво информации, тематски групации, т.е можности за интерно пребарување сe сака да се осигура потполна достапност на различни информации, кои ќе имаат пресудно влијание за корисникот при изборот на локација, сместување и начин на кој ќе го проведе својот годишен одмор.

Особено внимание поклонуваме на квалитетит на презентирање на Adriatic.hr капацитетите за приватно сместување. Мноштво на детални информации и фотографии поврзани со објектот, интериер на секоја сместувачка единица во објектот, тераса, балкони, поглед од објектот, двориште и околина, паркинг простор, плажа, најблиски објекти, т.е најубавите плажи во самото место,т.е ривиерни места во кои се наоѓа објектот и приложен 3D приказ за секоја од сместувачките единици даваат реален увид во сместувачките капацитети, т.е како такви даваат најдобра гаранција за отстранување на неугодни изненадувања при самото доаѓање.

3. ТОЧНОСТ И ВИСТИНИТОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Adriatic.hr се обврзува да ги превземе сите разумни мерки во давањето на точни и квалитетни информации. Но, на овој начин го запознаваме корисникот со фактот дека грешки, пропусти и каснења во ажурирање на податоците, т.е типографски грешки можат да се појават и без одговорност на "Adriatic.hr".

Со оглед на фактот дека сите информации, податоци и фотографии поврзани со приватното сместување ги прибира персоналот на Аdriatic.hr, со тоа одговорноста за грешки, пропусти и доцнења во ажурирањето на тој дел на web страницата, Adriatic.hr превзема на себе, а согласно со општите услови за давање на услуги за сместување во приватни капацитети на физички лица.

4. ЛИЧНА И НЕКОМЕРЦИЈАЛНА УПОТРЕБА НА ДОСТАПНИТЕ ПОДАТОЦИ

Овој web site е наменет исклучиво за Ваша лична и некомерцијална употреба. Не се дозволени никакви промени, умножување, дистрибуирање, директно пренесување, прикажување, претставување, репродукција, публицирање, овластување, креирање деривати, продажба на информации, софтвер, производи или услуги во сопствеништво на овој web site. Исклучок е комерцијалното користење на web страниците од страна на Adriatic.hr деловните партнери договорено со посебен договор за соработка.

5. ЗАШТИТА НА АВТОРСКИ ПРАВА

Туристичката агенција "Adriatic.hr" е исклучителен сопственик на идејниот и иѕведбениот проект, а сите софтверски апликации на www.adriatic.hr страниците се во сопственост на Adriatic.hr и неговите партнери. Автор на сите информации на порталот е Adriatic.hr во соработка со своите партнери. Оние содржини кои не се во сопственост на Adriatic.hr ќе бидат посебно истакнати и означени. Доколку приметите некои повреди на авторските права Ве молиме за тоа да не обавестите на e-mail: webmaster@adriatic.hr, како би можеле истите да ги повлечеме од нашите страници, доколку не би постигнале поинаков договор со авторот или сопственикот.

Сите фотографии, а посебно фотографиите на кои е стои заштитен знак на Adriatic.hr се во исклучива сопственост на Adriatic.hr. Авторско право на сите материјали кои се наоѓаат на интернет страниците припаѓаат на Adriatic.hr. Корисник и посетител на Adriatic.hr не смее да ги копира или користи информациите во комарцијални цели без знаење и писмена дозвола на Adriatic.hr. Сите права се резервирави. Дозвола се дава на медиски субјекти и други туристички агенции-партнери за користење на тие материјали исклучиво во промотивни, уреднички и информативни цели за објавување во списанија, весници и електронски медии, т.е интернет страници на нашите агенции- партнери, а спгласно со договор постигнат со Adriatic.hr. Поинаква употреба на материјалите на Adriatic.hr интернет страниците не е дозволена. Користење материјали од интернет страниците, медиските корисници и туристичките агенции- партнери се обврзуваат во потполност да се придржуваат на овде утврдените ограничувања, услови и барања, доколку со посебен договор не е поинаку утврдено.

6. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА

Вашата приватност и комуникација со Adriatic.hr ужива потполна заштита и тоа на начин да Ваши лични податоци бараме единствено во случај кога ќе искажете интерес за уплата на аконтација, односно конечна потврда на резервација, а како би можеле извршената уплата за сместување да ја евидентираме на Ваше име, т.е да Ви ги пратиме сите потребни материјали на Вашата домашна e-mail адреса. Сите Ваши лични податоци ќе бидат проследени единствено на давателот на услугата во сместувачката единица која сте ја резервирале преку нашиот состав.

На овој начин сакаме да ве обавестиме дека Вашите податоци ќе бидат користени за да ве известуваме повремено за сите релевантни промени кои ќе се случуваат во Adriatic.hr. Доколку не сакате да примате никакви обавестувања за промените, погодностите и посебните понуди на Adriatic.hr, Ве молиме за тоа да не обавестите.

7. СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

Поради сигурност на податоците на Adriatic.hr интернет страниците осугуравме компјутерски состав кој користи програми кои ја пратат посетеноста на мрежата, т.е препознаваат неовластено проследување или измени на податоци како и оние кои би можеле да предизвикаат штета на некој друг начин. Неовластени обиди за проследување или измена на податоците на оваа локација се строго забранети, т.е према прекршителите ќе се применат санкции предвидени со законот или со овие услови.

Adriatic.hr не гарантира за сигурноста и приватноста на пораките пратени преку електронска пошта поради несигурноста на самиот медиум.

8. ЗАБРАНЕТА ИЛИ НЕДОПУШТЕНА УПОТРЕБА

Со користење на овој web site се обврзувате податоците и информациите, а посебно фотографиите, како и било кои други материјали во сопствеништво на Adriatic.hr или неговите партнери нема да ги користите во законски забранети или со овие услови недопуштени работи и цели.

9. ЛИНКОВИ НА СТРАНИЦИТЕ НА ТРЕТИ СТРАНИ

Овие интернет страници содржат и линкови на интернет страниците кои се под надзор на други физички и правни лица. Тие линкови се достапни само како препорака, односно потенцијален извор на дополнителни и опширни информации. Бидејки Adriatic.hr нема никакво влијание на нивната уредувачка политика, со овој договор се ослободува од било каква одговорност за нивната содржина, т.е вистинитоста и точноста на информациите кои се наоѓаат на нив.

10. ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ НА КОРИСТЕЊЕ

Adriatic.hr го задржува правото на промена на овие услови на користење во било кој момент и без претходна најава. Промените стапуваат на сила во моментот на објава. Посетителите се должни да ги воочат тие промени т.е благовремено да се прилагодат на нив.

Овој договор се применува се додека една од странките на договорот не го раскине. Вие можете да го раскинете овој договор во било кој момент на начин што ќе престанете да ја користите оваа интернет страница и да ги уништите сите материјали кои сте ги "превземале"од неа, испринтале, или на било кој друг начин зачувале.

11. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ

Корисникот е согласен овој договор да може да го пренесе на друго лице.

12. СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ

Хрватското право е меродавно за толкување и примена на правните прашања поврзани со условите на користење на материјалите објавени на web страниците на Adriatic.hr, а стварно надлежниот суд во Сплит е исклучиво надлежен за сите барања и спорови настанати поради користење на предметните материјали.


Во трогир, 25. јануари 2001.