E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Пет
08:00h - 20:00h
Саб
08:00h - 14:00h

Водич - Ривиера Opatija

Бараj:

Ривиера Опатија

Најдолга туристичка традиција од дури 167 години поврзува низ бисерите на ривиерата Опатија - од Волошко до Ловран - 12 км долгото шеталиште Лунгомаре. Најпозната Опатијка – кип на девојка со галеб, со опатиски хидри ве повикува да поминете незаборавно лето на оваа ривиера, која некогашните рибарски места ги претворила во најпозната туристичка дестинација.

Романтична прошетка низ историјата на ривиерата Опатија

Ривиера Опатија, родно место на хрватскиот туризам, почнува во истоимениот град каде во 1844 год се сместила првата туристичка Вила Ангиолина, а во 1884 година изникнал и најстариот хрватски хотел Кварнер. Додека шетате покрај зградите украсени во виенски стил, Опатија ќе ви ги покаже
мермерните ѕвезди кои на тротоарот на хрватската улицата на славните носат имиња на светски познати Хрвати.
Чекори по ривиерата Опатија, по романтичното шеталиште Лунгомаре кое води до Ичич, каде што е преубавата Вила Мунз. Љубовната приказна вели дека вилата од соништата на Јакоб Мунз ја дал да се изгради за својата сопруга Ема. Историските детали на ривиерата Опатија продолжуваат на карпа висока 157 м, каде средновековниот град Брсеч чува традиционален сад за маслинки од 17ти век – тош – изградба која скрива апаратура за гмечење маслинки на "старински"
начин.

Грчки легенди на обалата на цветната ривиера Опатија

Опатија својот Централен парк, прав хортикуларен споменик, го украсила со дури 150 билни видови од сите краеви на светот, од кои јапонската камелија постанала и симбол на градот. Парковите ја опкружиле Вила Ангиолина, т.е најстарата опатиска градба, црквата Св. Јаков од 15ти век, по чиј манастир (опатија) градот Опатија го добил своето име. Легендата за имињата кружи понатаму по ривиерата до местото Медвеј, наводно наречено по грчката волшебничка Медеј која прва се бањала на неговата прекрасна плажа. Најубавиот дел на Кварнер – плажата Сипар - се сокрила во Мошченичката Драга чие чисто море идеално скривалиште за драшките шкампи, гастрономски специјалитет кој го нуди ривиерата Опатија.

Улици на уметност долж ривиерата Опатија

Летна Опатија во драмско-музичките денови на Каисерначта станува сцена на австроунгарско време, кое оставило бројни украси на нејзините згради.
На опатиските улици се провлекуваат и звуците на Либурнија - најголем хрватски џез фестивал кој се одржува на отворени сцени, во паркови и на бродови.
Концерти на сериозна музика и настапи на клапи ќе го разбудат летото во средновековниот град Ловрана, чие име е поврзано со ловорот, по кој мириса целата ловранска околина. Во Волоско летото се одбележува со сликарство - бројни посетители на местото ги испробуваат своите вештини во сликарскиот натпревар на стариот дел на градското пристаниште - Мандрач. Близу оваа сликарска мека, се сместил заливот Прелук, една од најдобрите хрватски локации за сурфери, каде се одржува натпревар во сурфање.

Понуда

-

Lovran

од € 53,00
по ден

Mošćenička Draga

од € 106,00
по ден

Opatija

од € 60,00
по ден

Opatija

од € 59,00
по ден

Ičići

од € 28,80
по ден

Види ги сите објекти

Ривиера Opatija

Положба на местото на картата
Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори