E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Пет
08:00h - 16:00h

Водич - Кварнер

Бараj:

Кварнер

Вратете се на обалата каде првите туристи ја откриле убавината на Јадранот. Дозволете си Опатиското шеталиште на Лунгомаре да внесе романтични моменти во вашиот одмор. Повторете ги вашите историски лекции за фестивалите кои го прават Кварнерското приморје средновековна атракција, Во летните денови, Кварнер ќе ве заведе со префинетиот вкус на шампањ кој се извлекува од морската длабочина.

Историјата на Хрватските букви запишана во името Кварнер

Поминете летување во Опатија, град кој Кварнер го краси со најстариот Хрватски хотел. Бидете дел од австро- унгарската приказна во состав на Kaisernacht- манифестацијата и Кварнер ќе ве врати во времето кое на Опатиските фасади оставило траг. Во Риека ве чекаат Трсатските степеници кои ве водат до најстариот Маријански храм на Хрватска, Трсат. Градот Сењ ќе го оживее духот на Учкините војници меѓу ѕидовите на Нехај, неосвојивата тврдина која ја обезбедувала безгрижноста во Сењскиот крај. Посетете го родното место на Хрватската писменост, островот Крк, Каде Кварнер од 1100 година го чува најзначајниот хрватски споменик- камената Башчанска Плоча.

Таинствениот Кварнер во срцето на недопрената природа

Заборавете на времето во срцето на островот Црес и запознајте ги белоглавите орли кои Кварнер ги чува во Црескиот еко-центар. Прошетајте на обалата на островот Лошињ и можеби ќе ја видите атракцијата на шеталиштето- добриот делфин. Доколку сакате планинарење, Кварнер ќе ве воодушеви со националниот парк Рисњак, планинско богаство кое своето име го добило по интересниот рис. Ако сте со истражувачки дух, Кварнер ќе ве поведе во националниот парк во северен Велебит, каде е најдлабоката Хрватска јама. За незаборавен излет, Кварнер ви препорачува да поминете ден во прошетка на 16-те езера нa Плитвице, најпосетениот национален парк. Отпуштете се во релаксирачкиот звук на водопадите дури пловите на Плитвичките Езера, чија убавина ја препознала и UNESCO.

Кварнер ви нуди кулинарски деликатеси со чаша морски шампањ

Кварнер на островот Крк ви нуди неочекувано освежување од длабините – Валомет, единствениот шампањ кој дозрева на морското дно. На островот Раб, Кварнер ќе ве дочека со највкусниот сувенир, Рабската торта чиј рецепт е тајна од дамнешни времиња. Каменото царство на островот Паг ќе ве освои со ароматичното сирење од Паг, деликатес кој го ставил Кварнер во кулинарската карта на Хрватска.

Летните манифестации на Кварнер испреплетени со традицијата

Кварнер ви пружа историски одмор на саемот во Раб, преставуваќи ги витешките игри и Рабскиот турнир со самострели. Ќе ви ги исполни деновите со театарско- фолклорни доживувања преку летото во Франкопан, средновековен дворец во Кралевица. Кварнер во Сењ ќе ве изненади со најголемиот летен карневал во Хрватска. Учествувајте во танците и игрите на Ружите на Винодол, на забавата во Нов Винодолски, која го оживува Кварнер негувајќи ги обичаите на старите лозари. Доколку сакате забава до зори, проверете зошто плажата Зрче на Паг ја викаат Хрватската Ибица.

Понуда

-
Novalja Апартмани 6279

Novalja

од € 112,00
по ден

Malinska Апартмани 5456

Malinska

од € 35,00
по ден

Mandre Апартмани 4058

Mandre

од € 57,00
по ден

Jadranovo Апартмани 6557

Jadranovo

од € 44,00
по ден

Klenovica Апартмани 5504

Klenovica

од € 42,30
по ден

Види ги сите објекти

Кварнер

Положба на местото на картата
Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори