контакт телефон
Хрватска: +385 21 456-456
Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h
Е-маил: info@adriatic.hr
Водич - Национални паркови
Моментална страница: Водич низ Хрватска > Национални паркови
Национални паркови
Хрватска своите природни богаства ги чува во 8 национални паркови, од кои Плитвичките езера се и под UNESCO-ова заштита. Волшебството на водопадите ве чека на реката Крка, а волшебството на шумите при изворот на реката, на планината Рисњак. На својата најголема планина, Хрватска ги крие националните паркови Северен Велебит и Пакленица. Морските волшебства ќе ви ги претстават националните паркови Бријони и Корнати, а необичниот спој на езера и острови ќе ви го покаже најјужниот национален парк Мљет.
Хрватска помеѓу капките на рајските водопади
Националниот парк Плитвички езера, Хрватското природно наследство под заштита на UNESCO, ќе ве дочека со најголемиот 78m водопад. Испрскани со водената прашина од Големиот водопад , продолжете со прошетката по 16 езера кои се поврзани со бројни водопади. Може да се шетате по дрвените патеки на површината на Плитвичките езера, а преку најголемото езеро може да испловите со бродче.
Во Националниот парк Крка тишината на шумскиот раскош е прекината од бучавата на водопадите од 7-те камени препреки на истоимената река. Дрвените мостови ќе ве доближат до бистрите водопади кои се на најдолгата камена препрека- Скрадинска бука-преливајќи дури преку 17 камени степеници. Бродче ќе ве одведе до замокот на островот Висовац кој Фрањевци го чуваат од 15 в.
Хрватска низ авантури ќе ви ги открие тајните на планините
Националниот парк Рисњак ќе ве фасцинира со тиркизниот сјај од изворот на реката Купа чија долина ја надлетуваат дури 69 видови пеперутки. Планинските патеки водат до врвот на Рисњак (1528 m) од кој ви се пружа поглед на бројните планински врвови кои од сите страни го опкружуваат.
Националниот парк Северен Велебит освојува со своите планински пејсажи, зелените ливади и бујните шуми кои се изменуваат по должина на16 km пешачка патека. Најголемата ботаничка градина засадена во Хрватска на 1480 m н.в. е дом на најреткото Хрватско растение- велебитската дегенија.
Националниот парк Пакленица е јужна убавица на најголемата Хрватска планина Велебит. Кањонот Велика Пакленица ви нуди алпинистички предизвик на светски познатите стени, со своите стази ќе ве одведе до 80000 години старите пештерски украси во Маните Печи.
Хрватска во рапсодија со живописни острови
Националниот парк Бријони со 14 острови ќе ве одведе низ шаренилото на сафари паркот, каде најголема атракција е загрозенит вид- автентичното магаре. Архипелагот Бријони ќе ве изненади со научна прошетка во далечното минато кое открива преку 200 траги од диносаурус.
Националниот парк Корнати ве кани на крстарење на кристалното море кое се протега измеѓу 89 острови, островчиња и карпи. Волшебството на расфрлени острови при нуркачките посети ќе ве воодушеви со белите подводни карпи, т.н. круни.
Националниот парк Мљет најдобро ќе го разгледате шетајќи низ двете морски езера, кои се опкружени со изворна вегетација од Медитеранот. Малото езеро направило лагуна идеална за капење, а на островите во Големото езеро се наоѓа дворец од 12в. кој станал препознатлив симбол на шумовитиот Хрватски остров Мљет.








