E-mail адреса
Лозинка
 
Ја заборавивте Вашата лозинка? ?
E-mail адреса
Контакт телефон
Хрватска
+385 21 456-456
Работно време
Пон - Саб
08:00h - 22:00h
Нед
10:00h - 22:00h

Водич - Остров Pag

Бараj:

Островот Паг

Островот Паг по многу работи е посебен, од областа најмногу со изгледот се издвојуваат “камените пустини“. Источната обала на Паг со блискиот Велебит се изложени на ветрот кој нанесува сол и не дозволува развој на бујна вегетација.

Ретката вегетација е “кривецот“ што патувањето на Паг ќе ви биде исклучително кулинарско искуство. Специфичната исхрана на животните е заслужна за карактеристичниот вкус на сирењето и јагнешкото месо за кои е неразделива придавката- произведено на Паг.

На островот Паг и Островот на солта се уште се негува традиционалното “збирање“ на солта- во глинени базени (soline). На тој начин што во нив се внесува морската вода која испарува од сончевата топлина, а на дното останува солта.

Островот Паг-Остров на везови, “Атлантида“ и антички остатоци

Длабоко во заливот се сместил градот Паг, “музеј“ на средновековни градби кој е опкружен со дури 20 km плажи. Градот Паг е ризница на културното наследство од овој остров- везови и украсените со везови народни носии, драмските претстави Пашке Робиње кои се изведуваат на градските улици, фолклорни песни и карневали.

Островот Паг е “дом“ на неколку од најзанимливите подводни археолошки локалитети. Потопениот Римски град во морето во близина на Чашка на Паг ќе ви ја раскаже легендата слична со онаа за Атлантида. Остатоците од трговскиот брод од 1 век п.н.е. ќе ги воодушеви посетителите на Градскиот музеј во Новаља, во чиј подрум се наоѓа и влезот во рачно исклесаниот Римскиот водовод 2000 години стар.

Островот Паг-луди забави на врелиот песок

Островот Паг стана права “party“ дестинација. Недалеку од Новаља, на прекрасната плажа Зрче летото се претвора во “фабрика за забава“. Клубовите по плажите се домаќини на фестивалите и најпознатите ѕвезди од светската клубска сцена. Од утро плажите се полни најчесто со млади посетители кои се релаксираат покрај морето, а крајот од денот го трансформираат во луда забава.

Помалку познатиот дел од островот Паг-вонземјани, вековни маслинки, безбројни заливи

Спротивно од плажата Зрче, островот Паг во поголемиот број дестинации ќе ви понуди атмосфера створена за мирен одмор и запознавање на локалниот колорит. Истражувањето на суровиот каменест терен гостите ќе ги одведе до неверојатни локалитети како Паговиот триаголник, НЛО- локацијата или Луна, области со диви маслинки, кои можат да се сретнат само уште во Грција и Израел.

Островот Паг е еден од посебните острови на Јадранот кој на своите гости ќе им понуди доза забава и авантура, тишина и мир, духот на минатото и иднината на ноќните клубови, необичност и сосема “обичното“ уживање во километарските плажи.

Понуда

-

Novalja

од € 112,00
по ден

Stara Novalja

од € 179,35
по ден

Mandre

од € 57,00
по ден

Zubovići

од € 44,10
по ден

Zubovići

од € 57,00
по ден

Види ги сите објекти

Остров Pag

Положба на местото на картата
Adriatic.hr
Poljička cesta 26
21000 Split, Хрватска
tel: +385 21 456-456
fax: +385 21 456-789
gsm: +385 91 234-5641
e-mail: info@adriatic.hr
ОИБ: 16364086764
ID: HR-AB-21-020038491
Плаќањето е осигурано со SSL енкрипција
Generiranje: s | XML: s | PHP: s
Memorija: MB | Host: | XML Service(0)
Adriatic.hr користи "колачиња" за да овозможи подобро корисничко искуство. Со продолжување на користење на нашите интернетски страници, се сложувате со нивно користење. Дознајте повеќе... Затвори