контакт телефон
Хрватска: +385 21 456-456
Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h
Е-маил: info@adriatic.hr
Adriatic.hr
Туристичката агенција Adriatic.hr со седиште во Сплит основана е во 2000 година. Една од водечките агенции во Хрватска кои своите услуги ги нудат online. Стекнатото искуство ни е најдобар патоказ во која насока да се движиме напред, како во збогатување на нашата понуда и усовршување на web страниците, така и во подигнување на квалитетот на нашите услуги. Сметаме дека агенцијата денес со право ја носи својата крилатица „најкраткиот пат до јадранот„..
Илјада ноќевања Million visits
Нашата зграда
Проекција на зградата
13 декември 2010
26 март 2011
19 јули 2011
07 декември 2011
Adriatic.hr својот деловен успех го обележа со изградбата на новиот деловен простор на атрактивна локација и пријатен амбиент во која што ќе ги пресели своите канцеларии во март 2012 година.Градбата на двокатната зграда од 1800 m² е започната во декември 2010 година и во само неколку месеци се изградени двата ката од новата зграда на Adriatic.hr. Дополнителното уредување брзо напредува па со гордост известуваме за соработка од нова адреса во скоро време, каде што на услуга ќе ви бидат преку 250 вработени.
Наша мисија
Главна цел на нашата компанија е задоволен гостин - пред, за време и по користењето на нашите услуги. Преку предана работа им пронаоѓаме и овозможуваме удобен престој на нашите клиенти на локација по нивно барање. Агенцијата секогаш му е на располагање на гостинот, од моментот на уплаќање на резервацијата до крајот на неговиот престој.
Наши вредности
Професионален и транспарентен однос према изнајмувачот и гостите темелен на богато искуство и флексибилност, односно градење на доверба како заедничка основа за успех на домашниот и странски пазар.
Во првите години на постоење агенцијата ја карактеризира експанзивен развој. Резултат на одлучната и квалитетната работа е интензивен и константен пораст на бројот на гости кои ги користат нашите услуги. На нашите гости и корисници им нудиме веродостојни услуги и во склад со нивните индивидуални потреби, додека комуникацијата со гостинот е она на што ние придаваме посебна важност.
Агенцијата има 70 редовно вработени, а во екот на сезоната тој број расте до 140 и повеќе вработени. Adriatic.hr тимот е составен од млади, високообразовани, креативни и динамични луѓе, кои пред се се´ одликуваат со голем професионализам и иницијатива.