контакт телефон
Хрватска: +385 21 456-456
Работно време: Пон - Пет 08:00h - 22:00h, Саб 08:00h - 14:00h
Е-маил: info@adriatic.hr
Островот Црес
Островот Црес е еден од најпривлечните Кварнерски острови. Фасцинантната разноликост измеѓу “суровите“ северни предели со високи карпи, каде живеат белоглавите орли и песочните сончеви заливи на западната и јужната обала ќе му овозможи на секој посетител да го поврзе својот релаксирачки одмор со бројните авантури.
Островот Црес засолниште на ендеми
Црес ги освојува туристите со своите природни богаства. Едно од нив е Вранско Езеро, познато по исклучителната чистота на водата низ која што може да “ѕирнете“ и до 24 m длабина и по народните преданија за самовили кои живеат во околните пештери. Црес е едно од последните живеалишта на белоглавиот орел, загрозен животински вид за кој посебно се грижи еко-центарот Капут Инсуле во Бели. Заљубениците во ботаниката Црес го доживуваат како “ветената земја“ затоа што можат да пронајдат многубројни ендемски видови, а климатските услови влијаат на развојот на бујната вегетација.
Древниот остров Црес
Природната убавина не е единственото што ви го нуди островот Црес. Неговото исклучително културно наследство освојува на прв поглед. Легендата за настанокот е дека островот настанал од Апсиртовото тело кое било фрлено во морето од неговата сестра во борбата за златното руно. Меѓутоа археолошките истражувања не одат толку далеку во минатото, утврдено е дека Црес е многу рано населен, уште во неолитот.
Островот Црес посетителите ќе ги воодушеви со архитектурата на древните гратчиња сместени на врвовите на карпите кои потсетуваат на осамените замоци од бајките. Бели и Лубенице се примероци на таквата градба која зрачи во духот на минатото. Како и остатокот од Кварнерското приморје, Црес е колевка на Хрватскиот јазик па една од најстарите камени плочи потекнува од Валун, а таму е и занимливиот Глаголскиот Лапидариј, каде се изложени копии од најстарите натписи на ова древно писмо.
Островот Црес во одекнувањето на музиката
Црес слободно може да го наречете Остров на музиката со оглед на тоа да на него се одржуваат дури три престижни музички манифестации. Лубенички вечери го спојуваат помалку тајниот простор стар 4000 години со одекнувањето на класичната музика, на Осорски музички вечери на Црес се изведуваат композиции од Хрватска и други странски изведувачи на класична музика, а во етно и џез музиката ќе се отпушти публиката на Бели.












